Имала 11 години кога станала сериски убиец: Државата денес ја штити, а луѓето се шокирани од начинот на кој убивала!

Морничаво

Мери Бел било симпатично мало девојче кое извршило две сурови убиства. Државата и денес тврди дека таа мора да живее во мир и спокој, додека ја чуваат под идентитет

Кога зборуваме за сериски убијци, секогаш напамет ни паѓа некој постар, зол маж. Но дали сте знаеле дека најмладиот сериски убиец во историјата, всушност, е мало девојче од 11 години?

Мери Бел била осудена за убиството на две момчиња од Англија во 1968 година. Шокантен е фактот што Мери тогаш имала само 11 години.

Имено, во мај 1968 година, Мери Бел го задавила 4-годишниот Мартин Браун во напуштена куќа. Еден месец подоцна, на сличен начин го убила 3-годишниот Брајан Хауи. Мери го направила тоа со другарката Норма, и двете биле уапсени и обвинети за убиство.

За време на судењето Мери се изјаснила како невина, но сепак била прогласена за виновна за убиство од немарност, врз основа на намалената одговорност. Ѝ била изречена казна од доживотен затвор со препорака да ѝ се одреди притвор на неодредено време.

Норма била ослободена од каква било вмешаност во убиството.

Кога оваа вест стигнала до јавноста, сите биле шокирани и ужаснати што едно дете од 11 години направило такво ужасно злосторство.

Откако отслужила 12 години затвор, Мери Бел била пуштена на условна слобода во 1980 година. Добила нов идентитет и оттогаш живее инкогнито.

„Сакам да повредувам мали суштества што не можат да ми возвратат“, ова било наводно реченица на најмладиот сериски убиец во историјата на човештвото.

Владата на Велика Британија со години одбива да го обелодени нејзиниот нов идентитет.

Случајот на Мери Бел покренал низа важни прашања за одговорноста и казнувањето на децата кои ќе извршат злосторство. Додека некои тврдат дека децата не се во состојба да ја разберат тежината на своите постапки, други сметаат дека злосторниците треба да се казнат – без оглед на возраста.

Кога било истражувано зошто Мери Бел го направила тоа и како нешто такво ѝ паднало на памет, се наведува дека била изложена на насилство, злоупотребување и занемарување дома и дека сето тоа придонело за ваквото однесување.

Каде е сега Мери Бел сѐ уште е голема тајна. Се зборувало дека родила ќерка која се обидела да ја задави додека била бебе, но била спречена во тоа. Подоцна се дознало за нејзиното дете, па и Мери и нејзината ќерка добиле нови тајни идентитети по судскиот спор во 2003 година.

Олицетворение на злото: Занесно убав, несекојдневно паметен и изопачен до срж – ова е најсуровиот сериски убиец во историјата!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.