Некогаш беше најголем фраер во Холивуд, а денес прави циркус од себе: Во осмата деценија ги зголемил усните, па го прошетал ЉУБОВНИКОТ

Станал русокос

Мики Рурк се труди да го живее својот живот со полни гради, додека папараците го следат на секој чекор

За Мики Рурк се вели дека си го уништил животот, но тој не обрнува внимание на коментарите и во 70-тата година се труди да живее како тинејџер.

Имено, неодамна бил виден на Беверли Хилс во еден ресторан и во таа пригода ја покажал својата нова фризура: долга руса коса, на која ставил каубојски шешир – неговиот заштитен знак. Сепак, шеширот и косата не можеле да ги сокријат видно пополните усни и јаболчни коски, дело на најновите методи за разубавување со помош на естетска хирургија.

 

Мики Рурк никогаш не можел да ги сокрие естетските корекции што ги правел, со оглед на тоа колку се очигледни. Имено, откако боксерската кариера сосема му го сменила личниот опис, актерот се обидел да разубави лицето, при што малку повеќе претерал.

И покрај изгледот, сѐ уште добива ангажмани во низа филмски проекти.

Еве како изгледал некогаш…

Но не се коментира само неговиот изглед во Холивуд. Кога станува збор за Мики Рурк, сите шушкаат дека нашол љубов покрај младич со кого често излегува во ресторани и кого неретко го држи за рака. Сепак, и актерот и неговиот менаџер ги демантирале овие коментари неколку пати.

Толку се деформирал што никој не може да го препознае: Актерот се уништил со пластичните операции – повеќе не личи на себе!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.