Толку се деформирал што никој не може да го препознае: Актерот се уништил со пластичните операции – повеќе не личи на себе!

Ужас!

Славниот актер, кој некогаш мамеше женски воздишки, денес изгледа како восочна фигура што се топи…

Тој е една од најголемите холивудски легенди и има играно во многу култни филмови, додека истовремено важеше за секс-симбол по кого жените лудуваат.

Сите добро го паметиме Мики Рурк од младите денови кога зрачеше со сексапил, харизма и талент – а девојките што тогаш ги имаа закачено неговите постери на ѕидовите и воздивнуваа пред малите екрани за време на неговите филмови, денес велат дека тешко можат да го препознаат.

Актерот што важеше за секс-симбол и за најзгоден маж на својата генерација, повеќе не е истиот човек. Буквално!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MICKEY ROURKE (@mickey_rourke_)

Мики, од непознати причини, направил толку многу естетски интервенции на своето лице и тело што денес не само што повеќе не личи на себе, туку и неговото лице изгледа изобличено, како да се топи!

Актерот неодамна сподели фотографии од прошетката низ Беверли Хилс со своето кучи, а сите беа шокирани од неговиот изглед што го нарекоа „најлош досега“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MICKEY ROURKE (@mickey_rourke_)

Да се потсетиме на легендарниот љубовен еротски филм „Девет и пол недели“, во кој Мики беше на врвот од славата, додека сега, по фотографијата што ја објави на својот инстаграм-профил, на Интернет почна да кружи коментарот дека „тешко е човек да го гледа“ и дека личи на „човекот-слон“.

Жените воздивнувале по него во 1980-те и 1990-те: Некогашниот холивудски заводник се изобличил од операции!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.