Есента е зад аголот, а ова се парчињата што ќе ги обожаваме: 8 инстаграм-трендови што се задолжителни претстојната сезона!
Тренд
Тик-так, наскоро ќе го соблечеме бикинито и ќе ги облечеме неодоливите плетки!
Како што се ближи есента, така расте возбудата за „новата“ облека и слоевитите модни комбинации што ги носи есенската сезона. Од предимензионирани блејзери и макси-силуети до удобни плетива и фустани од трикотажа – имаме со што да си играме. На Инстаграм најдовме 8 трендови што ќе ги копираме од септември…
Макси-неутрално
Волуминозниот драпиран фустан со неутрален тон е вистинското парче за есенската сезона. Заборавете на апостолките и сандалите, бидејќи наскоро на сцена ќе настапат чизмите до колена!
View this post on Instagram
Костим
Главната модна лекција од улиците на данската престолнина е костимот! Панталоните со висок струк се нашиот фаворит, а комбинацијата од бела маица и патики New Balance ја дава таа лежерна вибрација кон која тежнееме.
View this post on Instagram
Урбана ученичка
Назад на училиште! Кардиганите и плетените елеци во комбинација со кошула и чино-панталони? О, да! Размислете и за мини-здолниште на фалти.
View this post on Instagram
Плетено дуо
XXL џемперите го диктираат стилскиот правец оваа есен. Ако не можете да се одлучите за еден, понесете два! Лабавото врзување околу рамената или струкот секогаш е добра идеја!
View this post on Instagram
Есенски монохром
Целосниот изглед во црно е резервиран за урбаните девојки. Динамика ќе постигнете ако си играте со различни структури и форми, па затоа паметно комбинирајте плетиво, кожа и полесни материјали, како што се памук и вискоза.
View this post on Instagram
Нова униформа
Џинс на џинс! Оваа сезона го копираме канадскиот стил, а парчињата од џинс се она што ви треба. Од светла нијанса на тексас до најтемната, играта со тоновите на џинсот е есенски императив!
View this post on Instagram
Мантил во фокусот
Ако мора да се определиме за едно парче што ја отсликува новата сезона, тоа дефинитивно би бил мантилот. Од тренч-силуета до ретро кожени модели со големи ревери, мантилот е задолжителен во есенското модно разигрување.
View this post on Instagram
Линии засекогаш!
Маицата со линии што ја носевме во текот на летото ја заменуваме со џемпер со линии! Со бермуди и лабаво врзани мартинки, ќе добиете момчешки изглед што нема да остане незабележан.
View this post on Instagram