Каприс Буре: „Сексот е само 10 минути од вашиот живот! Не можете да му кажете на сопругот дека сте уморни или дека ве боли глава!

Искрен совет од актерката

Американската актерка и манекенка изненадила со изјавата дека жената никогаш не треба да му каже „не“ на мажот кога станува збор за секс

Каприс Буре (49), американската телевизиска ѕвезда, актерка и модел, открила за медиумите дека тајната за нејзината успешна врска со 55-годишниот бизнисмен Тај е тоа што во спалната соба се како зајаци.

Таа во интервју за магазинот „ОК!“ порачала и дека мажените жени никогаш не треба да го одбијат својот сопруг за секс.

„Тоа се само 10 минути од вашиот живот. Не можете да кажете ‘уморна сум’ или ‘ме боли глави’“, вели таа.

Каприс и Тај инаку се во врска цела деценија, а се венчале пред две години и заедно имаат две деца.

„Девојки, мој совет: ако не сте расположени за секс, бидејќи сте имале напорен ден, запомнете дека тоа се само 10 минути од вашиот живот. Или 15.“

Оваа убавица тврди и дека сексот треба да биде редовен за да „не падне прашина на него“.

„Мора да го одржувате сексуалниот живот. Ако можете психички да се оддалечите од напорниот ден и да уживате во спалната соба, тоа е одлично. Тоа е најдобриот начин да се ослободите од стресот“, порачува Каприс, додавајќи дека таа и нејзиниот сопруг се како зајаци во спалната соба.

Ниту вие ниту вашиот партнер не преземате иницијатива во сексот? Овие совети би можеле да помогнат
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.