Отворен ден на Школа за убавина Арт!

Школа за убавина Арт е прва и единствена школа во Македонија која ги нуди сите обуки во областа на убавината, козметиката и естетиката на едно место.
Во досегашното работење може да се пофали со над 4000 курсисти кои ги посетиле нивните обуки и успешно работат во и надвор од Македонија.
Сите програми на обуките се детални и сеопфатни и постојано се надоградуваат согласно сите светски трендови и новитети.
Програмите се соодветни за почетници и за оние кои имаат работно искуство и постојано работиме со најновите и најдобрите материјали и алатки за работа.

Школа за убавина Арт нуди квалитетно знаење од врвно обучен кадар со долгогодишно искуство во својата работа кои работат со огромна љубов, труд и посветеност.

Оваа школа со задоволство Ве поканува на  – ОТВОРЕН ДЕН на Школа за убавина Арт – 12ти јули, Ragusa 360 Rooftop – 14:00 часот

На овој голем ден Школа за убавина Арт Ви подготвува:

  • Дружење и коктел забава
  • ЕКСКЛУЗИВНО – Презентација на НАЈБАРАНИОТ ТРЕТМАН ЗА СЛАБЕЕЊЕ во Америка, за ПРВ ПАТ на Балканот – Orient Body Ice Sculpting (природна форма)
  • Masterclass за професионална шминка со Милена Косиќ -“Foxy night glam”
  • Workshops и работилници за:
  • Свилени трепки со Моника Алексовска + презентација и специјални попусти на новиот и квалитетен бренд за свилени трепки – “Luxe lashes”
  • Јапонска метода на веѓи со Тамара Јованоска
  • Надградба на нокти со Ирена Предарска- француски маникир со производите на G Nail
  • Бесплатна обука – Ориент Вакум Фит третмани за слабеење и намалување во обем од 5-20цм
  • Презентација на Ориент производите + Ново масло за масажа од лаванда
  • Презентација и специјални попусти и пакети на производи од Depileve
  • Попуст на неодоливите вештачки трепки “Kosich Lashes”
  • Многу подароци
  • Многу ПОПУСТИ на обуки и производи.
  • Сертификати за присуство
  • И уште неколку изненадувања за сите пријавени.

На овој настан можат да присуствуваат сите оние кои работат во областа на козметиката, оние кои сакаат и размислуваат за кариера во истата, сите кои сакаат да се запознаат и да набават нови производи за професионална употреба од светски познати брендови и да искористат попусти за истите.
Секако добредојдени се и оние кои сакаат да набават професионални козметички производи за домашна употреба по намалени цени.
За сите дополнителни информации за пријавување и присуство на отворениот ден 071228776.
ПРИСУСТВОТО НА ОТВОРЕНИОТ ДЕН Е ИСКЛУЧИВО СО ПРЕДХОДНО ПРИЈАВУВАЊЕ.
Бројот на места е ограничен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.