Не, не сакаме да поверуваме во ова: Деновите му се одбројани на Џек Николсон, најголемата актерска легенда?!

Тажни вести

Светските медиуми пишуваат за лошата здравствена состојба на легендарниот актер

Џек Николсон никогаш нема да закрепне, ги живее последните денови од животот…

Славниот холивудски актер Џе Николсон (84) веројатно никогаш повеќе нема да заигра на филм. Иако во далечната 2010 година се повлече од јавноста по улогата во филмот „Како што знаеш“, публиката се надеваше дека тоа е само шега. За жал, како што пишуваат сите светски медиуми, неговата здравствена состојба е исклучително лоша.

Со години се претпоставуваше, а сега, наводно, потврдено е дека Џек Николсон боледува од деменција.

Николсон ги поминува „последните, тажни денови“ во вилата на Беверли Хилс и физички е добар, но не и психички.

„Јас и Џек со години сме пријатели и тој повеќе воопшто не излегува од дома. Син му и ќерка му се грижат за него. Физички е добар, но психички не е најдобар. Навистина е многу тажно да се гледа таков актер каков што е Џек како си заминува на овој начин“, изјавил пријателот на актерот.

Го сакала 18 години, а тој со една реченица ѝ го скршил срцето: Љубовната приказна на Анџелика Хјустон и Џек Николсон
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.