Го сакала 18 години, а тој со една реченица ѝ го скршил срцето: Љубовната приказна на Анџелика Хјустон и Џек Николсон

Не им било судено

Првпат се вљубила во него кога го видела на филмското платно, вторпат кога ѝ отворил врата

Иако се знае дека бил со повеќе од 2.000 жени, исто така се знае и дека најважната жена во неговиот живот, онаа по која вистински страдал откако го оставила, била Анџелика Хјустон – харизматичната ќерка на легендарниот режисер Џон Хјустон, актерка, манекенка, муза на модниот фотограф Дејвид Бејли и модна икона од тоа време. Николсон ја запознал како девојче, а потоа повторно ја сретнал како 21-годишна девојка.

Анџелика Хјустон во 2014 година напишала книга за Џек, а ова е еден извадок од неа:

„Мојот стар живот заврши, а новиот почна кога првпат зачекорив на аеродромот во Лос Анџелес, во март 1973 година. Имав 21 година и токму тогаш ја раскинав љубовната врска со Боб Ричардсон, храбар и провокативен моден фотограф, кој беше дури 24 години постар од мене.

Привремено престојував во куќата на мојата маќеа, последната жена на татко ми, Сиси. Таа ја наследила куќата од својот последен сопруг. Го засакав Лос Анџелес. Чисто небо и прекрасна температура, Холивуд, сето тоа ми се чинеше нереално.

Возејќи се по Сансет Булевар на зајдисонце, ги набљудував куќите и палмите. Беше ветровито, а воздухот сув, мирисаше на нешто слатко. Кога стигнав до познатиот Родео Драјв и ја видов продавницата на Џорџо Армани, одлучив да застанам. Купив фустан долг до подот со отворен грб и испив еспресо во блиското кафуле. Се чувствував гламурозно, како целиот провинцијализам да исчезна од мене.

Еден ден, пријателка на Сиси, која се викаше Биргит, ја покани да ѝ се придружи на забава во куќата на Џек Николсон. Ја праша дали е во ред да ја земе и својата поќерка, на што Биргит рече дека е во ред, дека му е роденден на Џек и дека тој сака убави девојки.

https://www.instagram.com/p/CEzyDA7lFf0/

Го облеков мојот фустан со потпис на Џорџо Армани – црн, до подот, со отворен грб. Биргит дојде по нас. Се одвезовме до неговата куќа во Муленхолд Драјв. Се чувствувавме како да сме на врвот на светот.

Влезната врата од куќата која потсеќаше на ранчерска, се отвори и тогаш првпат ја видов таа насмевка. Најпознатата уредничка на Харперс Базар, Дајана Вриланд, кога пишуваше приказна за Николсон, ја опишуваше како ’убиствена насмевка’. А јас си помислив, да, тоа е човекот на кого би можела да паднам.

Уште во 1969 година, кога живеев во Лондон и со своите пријателки отидов во кино да го гледаме филмот Easy Rider, по неколку дена отидов повторно сама. Имав нешто во себе што ме закова за столчето. Мислам дека по тој филм, како и многу други, првпат почувствував дека сум вљубена во Џек.

Вториот пат беше кога ја отвори вратата од својата куќа. ’Добро вечер, дами’, рече. ’Јас сум Џек и многу ми е драго што успеавте да дојдете.’

Куќата беше полна со луѓе, непознати и познати. Служеа грчка храна, а музиката беше релаксирачка. Танцував со Џек со часови. А кога ме покани да преноќам, ја прашав Сиси што мисли за тоа.

https://www.instagram.com/p/B_OTNE-nDc3/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

’Се шегуваш?! Секако!’. Утредента, кога се разбудив и го облеков фустанот што го носев претходната ноќ, а кој сега беше комплетно непримерен, се симнав долу. Џек седеше со некои луѓе, влегов во просторијата, а потоа ме погледна. Стана и кажа: ’Ќе ти викнам такси, ако тоа е во ред, бидејќи јас ќе одам на кошаркарски натпревар.’

Се возев со такси половина час, а пред врата ме пречека Сиси. Ме погледна и кажа: ’Не можам да поверувам дека не инсистираше тој да те довезе дома! Што си мислеше? Ако сакаш повторно да се видите, задолжително е да знае каде живееш и да дојде по тебе.’

По неколку дена, Џек ме покани да се видиме. Му кажав дека сакам, но сакам да дојде по мене. Рече дека ќе дојде и ме праша дали ми одговара сабота. По неколку часа повторно ми се јави за да ми откаже и ми кажа дека заборавил дека веќе имал нешто договорено. Јас само го прашав: ’Дали тоа значи дека јас сум резерва?’. Одговори: ’Немој така да зборуваш’.

Таа вечер одлучив да одам на вечера со моите пријатели од Лондон. Вечеравме во еден популарен ресторан, а пријателот во еден момент ме праша ’Зар не требаше вечер да се видиш со Џек?’, на што јас одговорив: ’Имал некои планови што не можел да ги одложи’. А тој ми кажа: ’Изгледа дека неговата обврска вечерва е да се види со убавата русокоса со која штотуку отиде во онаа просторија’.

Ја земав чашата со црвено вино и со срце што чукаше како лудо се упатив кон другиот крај на ресторанот. Џек седеше со прекрасна русокоса која веднаш ја препознав. Веќе ги имав видено заедно по магазини – тоа беше неговата поранешна девојка Мишел Филипс, пејачка од познатата група од шеесеттите Mammas and Pappas.

Се приближив до масата и кажав: ’Здраво, јас сум во оној дел од ресторанот, па дојдов да се поздравам.’ Ме запозна со Мишел без да трепне. Таа изгледаше многу шармантно. Тоа беа последните денови од нивната врска. Неколку недели подоцна дојде кај Џек да си ги земе своите работи и кога ме виде таму, се насмеа и донесе две чаши цеден сок за нас двете. Од тој момент па натаму бевме добри пријателки.

https://www.instagram.com/p/CDd-X4MgY5U/

Врската со Џек беше луда. Во еден момент од врската ќе ми кажеше дека можеби е попаметно да одмориме малку еден од друг, а веќе утредента ми се јавуваше за да ме викне на вечера, како ништо да не се случило.

Ми даваше многу прекари, од ’фаб’, ’мајн’, некогаш ме викаше ’пал’, што во превод значи ортак, а тоа го мразев. Не сакав пријателство, сакав да бидам љубовта на неговиот живот.

По тоа малку време што го поминав со него, Џек доби неверојатна понуда. Да го снима филмот ’Кинески кварт’, за кој и денес мислам дека е еден од најубавите и најинспиративните филмови некогаш снимени.

Во периодот кога почна снимањето, јас се преселив кај Џек“,

Анџелика Хјустон, извадок од книгата „Watch me“

Со неколку прекини, заедно биле 18 години, од кои многу години живееле заедно со неговата ќерка Џенифер и помалата сестра на Анџелика, Алегра.

https://www.instagram.com/p/CExWzA9AuZV/

Најдолго биле разделени една и пол година, а тоа време таа го поминала во врска со Рајан О’Нил, додека Џек тонел во море од алкохол, дрога и други жени. Се смириле по нејзината врска со О’Нил, но сега Анџелика имала свој стан. Не поминувале многу време заедно. Тоа биле осумдесеттите и нејзината кариера била на врвот.

https://www.instagram.com/p/CEsc-2cgeYG/

Една вечер се случило тоа од коешто таа најмногу се плашела. Ја викнал на вечера кај него и ѝ соопштил дека чека дете со друга. Тие се обидувале да добијат деца со години, но секој нивен обид завршувал со нејзин абортус.

Кога ја чула таа вест, Анџелика рекла:

„Во таа приказна има место само за една жена, време е да се пензионирам“.

https://www.instagram.com/p/CEpzk_bq2sM/

Долго време страдал по неа и многу години подоцна глумеле во еден филм заедно. Првите неколку дена од снимањето било многу непријатно, но потоа одлучиле да одат на вечера.

Тогаш Џек ѝ рекол:

„Ти и јас – ние сме како ’Љубов во време на колера’.“

https://www.instagram.com/p/CElZ6CVARcU/

Многу ѝ се допаднало како ги опишал, бидејќи тоа е една од нејзините омилени книги која зборува за бесконечната љубов…

Љубовна приказна побурна од филмска драма: До последниот ден од животот, Ричард Бартон искрено ја сакал само неа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.