Првата ќерка на Америка обожава гламур: Ова се најелегантните изданија на Иванка Трамп!

Ќерката на Доналд Трамп

Ќерката на Доналд Трамп, како и многу други богати наследнички, не е имуна на гламурот и на скапоцените фустани…

Иванка Марл Трамп е родена на 30 октомври 1981 година. Таа е поранешна манекенка и модел, а денес е една од најуспешните бизнисменки во Америка – ќерка на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Иванка е второ дете на американскиот контроверзен бизнисмен и претседател на САД, Доналд Трамп, и на неговата прва сопруга Ивана Трамп. Има два родени браќа Доналд Јуниор и Ерик.

Иванка му е десна рака на татко ѝ и како што тврдат американските медиуми, таа е најважната жена во неговиот живот. Активно учествува во деловните операции на татко ѝ и работи како извршна потпретседателка на Организацијата Трамп.

Иванка од 2009 година е во брак со градежниот претприемач Џерад Кушнер, поради кого ја сменила верата и го прифатила јудаизмот и кому му родила три деца.

Како и повеќето жени од високото друштво, особено оние со енормно многу пари, и Иванка обожава екстравагантни и скапоцени парчиња гардероба, а ние направивме избор од нејзините најелегантни фустани, во кои се појавила на некои од најважните настани последниов период.

Иако поголемиот дел од времето го поминува во деловни стајлинзи, бидејќи најмногу е окупирана од работата, Иванка сака да ја искористи секоја пригода и да заблеска во гламурозна тоалета.

Дали ви се допаѓаат нејзините избори?

Модните комбинации на Иванка Трамп кои вреди да се копираат
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.