Совршен есенски фустан во режија на Оливија Палермо: Таа е најдобро облечената жена во Њујорк!

Како ви се допаѓа?

Најпознатата модна инфлуенсерка на светот, Оливија Палермо, прошетала во фустан чиј дизајн комбинира различни бои и дезени

Фустанот е едно од оние модни парчиња што ни овозможува за миг да бидеме дотерани и облечени од глава до пети. Затоа, не е ни чудно што токму фустаните се најчестиот моден избор за вљубеничките во модата. Но за добар стил, важно е да се одбере вистинскиот, а на познатата модна инфлуенсерка Оливија Палермо, тоа навистина ѝ оди од рака. Њујоршката модерна девојка со задоволство одбира фустани и за службени и за лежерни настани.

Со својот најнов стајлинг, Оливија сега повторно воодушевила, а на својот инстаграм-профил споделила неколку фотографии на кои сето внимание го привлекол прекрасниот фустан. Изработен е од свила во камен-беж тон, со макси крој и „паф“ ракави, а на фустанот одлично се искомбинирани црвени, црни, сини и златни детали со нежен ориентален призвук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Palermo (@oliviapalermo)

Фустанот, кој е прошиен под бедрата, има навистина впечатлив крој со горен потесен и долен поширок дел, па изгледа многу елегантно, но и романтично.

Дизајнот на фустанот го потпишува колумбиската модна дизајнерка Silvia Tcherassi, а овој модел го носи името Caronia и се продава по цена од 1.320 евра. За да го надополни изгледот, Оливија одбрала црни сандали со високи потпетици со потпис на Кристијан Лобутин и со рачно изработена чанта. Многу едноставните модни додатоци одлично го надополниле стајлингот, но не го засениле прекрасниот фустан, како главна ѕвезда на оваа комбинација.

Ваквиот модел на фустан е одличен за доцно лето, но и непогрешлив избор за првите есенски денови. Ако го комбинирате со чизми и додадете сако или трендовска јакна, за миг ќе креирате одличен стајлинг за постудените денови.

Макси-фустан што воодушевува: Стајлингот на Оливија Палермо е за чиста десетка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.