Не се разделуваат ниту за секунда: Џенифер Лопез и Бен Афлек пристигнаа во најромантичниот италијански град!

Вљубени и среќни

Ако некое место е вистинското место за вљубена двојка, особено за обновена љубов, тогаш тоа сигурно е Венеција

Можеби за некого тоа е кич, но глетката на Џенифер Лопез и Бен Афлек во гондола во Венеција, како пристигнуваат на Филмскиот фестивал, е фотографијата што денес го обиколува светот. Откако ја обновија љубовта во мај, Џенифер и Бен не се разделуваат – сето слободно време го поминуваат заедно, сами или со децата. Многумина се сомневаа дека нивната обновена љубов ќе трае и чекаа двојката да ја потврди својата врска на социјалните мрежи.

Кога го направија тоа, започнаа претпоставките за запросување и венчавка, бидејќи никој повеќе не се сомнева во нивната љубов. И нејзиниот роденден во јули го прославија со крстарење на јахта, а сè почесто се појавуваат и фотографии на кои двојката страсно се бакнува во јавност. Ништо повеќе не е тајна за нив двајца, се чека само објавата за венчавката.

Џенифер Лопез за оваа пригода облекла прекрасен женствен фустан со тантела, интересни сандали и, како по обичај, не ги вадела очилата за сонца, кои ѝ додале гламур на нејзината појава.

Како ви се допаѓа ова нејзино издание?

ПАПАРАЦИ: Бен Афлек купува свршенички прстен со мајка си?! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.