Морничава приказна за тројца браќа: Ги разделиле од раѓање поради експеримент, па случајно се сретнале на факултет!

Нереално!

Прво мислеле дека имале голема среќа што случајно се сретнале по толку години, но потоа нивната приказна добила пресврт

Изгледало како бајка: тројца одамна изгубени браќа, тројка, се нашле сосема случајно! Меѓутоа, по само неколку месеци оваа бајка се претворила во ноќна мора. Еве како започнало сè.

Во 1980 година, Роберт Шафран, тогаш 19-годишен бруцош на Њујоршкиот универзитет, бил изненаден од срдечниот однос на другите студенти кон него. Се однесувале како веќе да го познавале. Излегло дека сите го помешале со Еди Галанд, студент кој веќе една година бил на истиот факултет. Двата младича изгледале идентично, се однесувале исто, дури и го тренирале истиот спорт и ги сакале истите работи – а воопшто не се познавале.

По игра на судбината, Мајк Домиц му бил цимер на Еди Галанд, а потоа и на Роберт Шафран и најдобро знаел колку овие две момчиња се идентични. Одлучил да истражи за што се работи и како е тоа возможно.

Утврдил дека и двајцата се родени на истиот датум и дека истиот датум биле посвоени. Мајк веднаш одлучил да ги запознае нив двајца, за кои било јасно дека се родени браќа.

Еди и Роберт биле пресреќни што се сретнале. Биле уверени дека се еднојајчани близнаци, но откако нивната приказна излегла во локалните весници, им се јавил уште еден младич кој тврдел дека изгледа како нив двајца. Тоа бил Дејвид Келман, студент на друг њујоршки универзитет.

Тројцата момци многу брзо изградиле силна врска и изгледале како да не пораснале во три различни семејства на старатели. Заедно нашле стан во Њујорк каде што живееле и набрзо отвориле и свој ресторан со име „Што уште? Тројка!“.

Во 1995 година Еди Галанд извршил самоубиство по тешката борба со ментална болест. Зад него оставил сопруга и ќерка. Истата година јавноста дознала за морничавата вистина што се криела зад приказната за посвојувањето три момчиња.

Имено, за потребите на научно истражување, докторот Питер Нојбаурет и Центарот за развој на деца, преку непостоечка агенција за посвојување, давале деца на посвојување, близнаци и тројки, а докторот доаѓал во домашни посети за да го следи развојот на посвоените деца. Старателите воопшто не знаеле за што се работи, туку мислеле дека овие посети на докторот се нормални.

Трите момчиња Еди, Роберт и Дејвид биле дел од тие истражувања, секој од нив стратешки сместен во сиромашно семејство, во средна класа и во богата куќа. Браќата имале и четврти брат кој починал за време на раѓањето.

„Кога дознавме, бевме гневни. Нè нарекуваа ‘субјекти’. Ние сме жртви. Не сакам да кажам дека сега сме жртви, сите сме возрасни луѓе, имаме семејства, деца, релативно сме нормални луѓе. Но нè третираа како лабораториски стаорци. Ништо повеќе! Ние, сепак, сме човечки суштества“, рекол еден од браќата.

Сите тројца мажи имале висок коефициент на интелигенција, сакале исти филмови, имале сличен тип на жени што им се допаѓале, а пушеле дури и ист бренд на цигари.

Сепак, набрзо биле откриени последиците од нивното разделување. Сите тројца во некој период од животот страдале од депресија и анксиозност. Интересно е што и кога проговориле, кажале дека имаат браќа. За нивната необична ситуација снимен е и филмот „Тројца идентични странци“.

Понатамошните истражувања какви што вршел Нојбауер, очекувано биле прекинати, преживеаните браќа денес го нарекуваат тој научник „доктор нацист“ и го обвинуваат дека им го украл детството и дека е виновен за смртта на Еди.

„Тоа беше погрешно и сурово“, рекол Дејвид Келман.

Неговата судбина ќе ви ја заледи крвта: Момчето ангел кое влегло во историјата од најстрашната можна причина!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.