Најтешко е да се открие рак на јајчници: Ако забележите кој било од овие симптоми, веднаш одете на лекар!

Бидете претпазливи

Фото: Getty Images

Оваа подмолна болест не покажува јасни симптоми додека не се развие, па затоа добро слушајте го вашето тело

Повеќе од стотици илјади жени ширум светот заболуваат од рак на јајчници и тој станува сè почесто заболување. Тешко е да се препознаат првите симптоми, па затоа важно е да се следи и најмалата промена на телото.

Ракот на јајчници не се регистрира толку лесно додека не стигне до трета или четврта фаза. Причината за тоа е просторот во кој се наоѓа ракот, а тоа е абдоменот и карлицата. Како што ракот напредува, во споменатото подрачје има сосема доволно простор за да се поместуваат органите, па затоа многу е тешко да се забележат симптомите.

Сè додека не дојде до недостиг од простор, не се појавуваат ни симптоми. Сепак, дури и тогаш знаците може да бидат прилично вообичаени. Меѓутоа, во случај да забележите некој од следниве симптоми, задолжително одете на лекар.

Крвавење

Нередовното менструално крвавење (крвавење што се појавува помеѓу циклуси, во нередовни растојанија) најчесто се појавува кај жените што имаат стромален тумор на јајчниците. Стромалните тумори произведуваат естроген, кој може да предизвика периодично крвавење, до кое може да дојде и по менопауза.

Подување

Ова е многу честа појава кај повеќето жени, особено кога станува збор за ПМС. Меѓутоа, доколку постојано го имате овој симптом, добро би било што побрзо да одите на доктор.

Зголемено чувство на ситост

Може да дојде до насобирање течности како последица од растот и развојот на рак на јајчници.

Проблеми со дишењето

Подоцните стадиуми на рак на јајчници може да доведат до проблеми со дишењето. Како што туморот расте, така тој може да почне да ги притиска белите дробови и да ја намали способноста за нормално вдишување и издишување воздух.

Грчеви

Речиси секоја жена често ги има, особено за време на менструацијата. Токму од таа причина честопати не се поврзуваат со ништо друго. Меѓутоа, воопшто не е невообичаено за тумор што се развива во карлицата да предизвика болка во долниот дел на стомакот. А со оглед на тоа оваа непријатна болка е прилично слична на менструалните грчеви, повеќето жени претпоставуваат дека станува збор за нешто бенигно.

Болка во грбот

Како последица на рак на јајчници може да дојде до појава на болка во грбот. Кога течноста се акумулира во карлицата или кога туморот се шири во абдоменот или карлицата, директно се надразнува ткивото во долниот дел на грбот.

Лоша дигестија

Всушност, доаѓа до ждригавица и гасови.

Ако го забележите овој симптом, задолжително одете на лекар: Ова може да е првиот знак дека во телото се развива рак на јајчници
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.