Се ожени со најубавата жена на светот, ја изневеруваше и на крај ја остави: Денес ужива во прегратките на 20 години помлада девојка!

Љубовта им цути

Актерот и неговата избраничка привлекле големо внимание

Антонио Бандерас се појави на филмскиот фестивал во Венеција и сите ги остави без здив. Многумина се прашуваат како му успева да изгледа толку добро на 61 година!

Друштво на црвениот тепих му правеше неговата 20 години помлада девојка. Никол Кимпел, за која вели дека е неговата сродна душа, е и причината зошто тој блеска.

Како што на сите им е добро познато, Антонио беше во брак со една од најубавите жени на светот, Мелани Грифит, но брзо се распадна таа заедница.

Антонио и Мелани се запознале на снимањето на комедијата „Двоен заводник“ и веднаш започнале врска. Се венчале во Лондон во 1996 година по само неколку недели врска, а истата година ја добиле и нивната ќерка Стела.

Бандерас и Грифит се разведоа во 2015 година, а се шушка дека актерот изгубил трпение поради нејзината опсесија со операциите што ѝ го изобличија лицето. Исто така, многу медиуми наведуваа дека актерот бил неверен и дека ја користел секоја можност за да најде утеха на страна.

Сепак, Антонио и Мелани останаа во добри односи, а актерот конечно се смири покрај Никол Кимпел, која е 20 години помлада од него и од која не се одвојува последниве неколку години.

Антонио Бандерас се појави со шарена коса на црвениот килим (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.