Марина Туцаковиќ пред смртта напишала на кого му е лута, а на кого му остава сè

Во тестаментот е запишано сè

Марина Туцаковиќ почина по долга и тешка болест, а ќе биде погребана во семејната гробница, покрај синот Милош Радуловиќ, на 29 септември, во среда.

Всушност, тоа ѝ било и последна желба на авторката на најголемите хитови во регионот, која во 2008-та година ја доживеа најтешката трагедија, кога остана без помладиот син, кој почина во 24-та година од животот.

Марина на многу пејачи им изгради успешни кариери, а според сознанијата, за време на борбата со подмолната болест, наводно напишала и тестамент.

Марина долго време боледуваше,  а за време на лекувањето имаше време да размисли за се’ и да работи на голем број текстови, со помош на синот Лаќа. За време на борбата со канцерот, напиша и тестамент, затоа што здравствената состојба ѝ осцилираше од ден во ден. Марина во тестаментот, покрај пријателите и семејството, спомнува и голем број изведувачи на чии текстови работеше, истакнувајќи дека во некои од нив се разочарала и им се налутила, па затоа голем број текстови останаа недовршени. Како што и самата истакнуваше пред смртта, додека беше добро , сите ја бараа и ѝ бараа кариери, а во последните месеци од животот никаде ги немаше, што предизвикуваше револт кај неа“, раскажува извор близок на Туцаковиќ, додавајќи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marina Tucaković (@marina.tucakovic)

Многу пејачи ѝ останаа должни големи пари за текстовите, ја мајтапеа, а од друга страна, јавно зборуваа дека се добри со неа и ѝ даваа поддршка, како ништо да не се случува. Марина никогаш не зборуваше јавно за тоа… Сите знаеме колку голем човек беше“, завршува изворот.

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.