Каде и да се појават, ќерките на Силвестер Сталоне прават вистински метеж: Не се знае која е најзгодна од трите!

Вистински убавици

Силвестер Сталоне од бракот со сопругата Џенифер има 3 ќерки кои станале вистински убавици

Ќерките на легендарниот актер Силвестер Сталоне, 22-годишната Систин, 24-годишната Софија и 18-годишната Скарлет се вистинска атракција каде и да се појават, а со своите појави успешно го засенуваат и славниот татко. Сите три станале вистински убавици, а актерот не крие колку се гордее со нив.

Убавината дефинитивно ја наследиле од мајка им Џенифер, која е поранешна манекенка. За разлика од татко им, сопругата и ќерките не се опседнати со естетски зафати.

Систин одлучила да тргне по стапките на тато, па дебитирала на филмското платно во 2019 година во хоророт „Пекол под морето 2“.

Софија студирала комуникации на универзитетот во Јужна Калифорнија. Скарлет е најмладата од сестрите, а активно се занимава со атлетика и Сталоне често се фали со нејзините успеси.

Овој пат трите биле фотографирани пред еден ресторан во Лос Анџелес, а тешко е да се процени која од нив е најубава и најзгодна. Тие им позирале на фотографите, а веднаш по објавувањето на фотографиите следеле позитивни коментари. Погледнете како изгледаат:

Ја изневерувал каде ќе стигне, а таа го чекала и се надевала: Како Силвестер Сталоне станал верен сопруг?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.