Ја изневерувал каде ќе стигне, а таа го чекала и се надевала: Како Силвестер Сталоне станал верен сопруг?

Љубовта е слепа

Разликата помеѓу нив е повеќе од 20 години, тој има два развода позади него, а таа го чекала цела година да одлучи

Во 1974 година, кога Силвестер Сталоне имал 28 години, се оженил со фотографката Саша Чак. Заедно имале два сина, Серж и Сејџ. Бракот траел 10 години, а во 1985 година, парот се развел.

Речиси една година подоцна, Сталоне се оженил со манекенката и актерка Брижит Нилсен. Парот се познавал само неколку месеци. Брижит не сакала да се венчаат, но Силвестер ја молел. Бракот траел само 2 години.

Во 1988 година, Силвестер Сталоне има 42 години и два развода зад себе. Ја запознава Џенифер Флавин, која тогаш има 19 години и двајцата почнуваат да се дружат.

„Ќе дојдеше и ќе гледавме филм, ќе вечеравме, го шетавме кучето или се шетавме на плажа“, открила Џенифер.

Силвестер открил дека тие денови со задоволство поминувал време кај Џенифер и нејзините родители во Сан Фернандо.

„Повторно го сакам животот. Џенифер промени се’’, јавно признал Силвестер тогаш.

https://www.instagram.com/p/Bt3zkjPgeFh/?utm_source=ig_embed

Меѓутоа, нивната врска не била совршена.

„Кога сме заедно, прекрасно е. Кога сме разделени, не сме врзани. Така е како што е, без обврски“, признал актерот во 1991 година.

А Џенифер на тоа одговорила:

„Не сум наивна и знам што се’ може да се случи кога не сум во близина. Тоој е 45-годишен маж, не можам да го променам. Сепак, тој не е куче па да ме изневерува на секој чекор. Поминуваме заедно 5 до 7 ноќи неделно, не гледам каде би можел да најде време да ме изневерува.“

https://www.instagram.com/p/Bg-YnksAt8I/?utm_source=ig_embed

Во тој период, до Џенифер често стигнувал глас дека Силвестер ја изневерува, но таа сакала да го гледа само најдоброто во него.

„Знам дека ме сака. Тоа никогаш не било проблем“, рекла тогаш.

Меѓутоа, во 1994 година Сталоне ја раскинал врската преку пошта. И’ пратил писмо на шест страници во кои ја фрлил во вода врската долга 5 години.

Џенифер била очајна кога го добила писмото.

„Многу плачев. Им се јавив на сите мои пријатели и го чистев станот 5 пати дневно. Имав толку многу слики и предмети од кои морав да се ослободам.“

Исто така, била разочарана што Сталоне не и’ раскинал лице во лице, туку го направил тоа преку писмо.

„Не можеш само да отпишеш некого преку писмо по шест години. Не мислев да го молам да ми се врати или нешто слично. Само сакав да разговараме.“

Подоцна дознала дека Сталоне имал афера со манекенката Џенис Дикинсон, која во 1994 година родила ќерка за која Сталоне мислел дека е негова. Подоцна со ДНК тест се потврдило дека детето не е негово и врската меѓу новиот пар прекинала. Потоа, Сталоне бил во врска со уште неколку модели, дури и се свршил со Енџи Еверхарт, но нивната врска не траела долго.

Во 1995 година, Џенифер и Силвестер се смириле, а во 1996 година ја добиле првата ќерка и се венчале наредната година.

https://www.instagram.com/p/BHuHy7whybI/?utm_source=ig_embed

Во изјава за новинарите, Силвестер рекол:

„Ми се случија две прекрасни работи минатата година: раѓањето на нашата прекрасна ќерка Софи Роуз и мојот брак со Џенифер, која е одлична мајка и знам дека ќе биде одлична сопруга“

Џенифер и Силвестер моментално живеат во Лос Анџелес и имаат три ќерки.

„Никогаш не сум се забавувал. Тоа го научив од мојата сопруга. Ми требаа 19 години за да сфатам дека секогаш е во право. Сфатив дека жените имаат талент, барем Џенифер, за донесување неверојатно паметни и мудри одлуки. Јас секогаш брзам без размислување. Таа секогаш прво размислува, ништо никогаш не прави импулсивно. Таа е неверојатна сопруга. И сега конечно велам: Душо, отсега ти ги носиш одлуки. Ти верувам.“

https://www.instagram.com/p/B4a1Q4sgom5/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.