Новото интервју на Меган и Хари ја шокира јавноста: Тоа не се зборува пред камери, туку на психијатар!

Не се смируваат страстите

„Погледнете како таа проклета жена се однесуваше кон мојата послуга – немилосрдно“, наводно кажал Вилијам

Коментатори на британските кралски односи тврдат дека Меган Маркл почнала да ги вознемирува луѓето уште од самиот почеток на нејзиното доаѓање во семејството на Хари. Зборувајќи во експлозивниот документарец Harry and William: What Went Wrong, што беше емитуван во недела, неколку кралски набљудувачи откриле дека војвотката од Сасекс била критикувана уште од самите почетоци.

Кралската авторка и новинарка Пени Џуниор тврди дека Меган многумина ги вознемирила уште од самиот почеток кога кралското семејство ја претставило како партнерка на принцот Хари.

Роберт Лејси, автор на книгата Battle of Brothers од еден извор дознал дека американската актерка од почетокот имала агенда (листа на случаи за кои се разговара на службен состанок).

„Личност блиска на Вилијам ми кажа дека Вилијам уште веднаш чувствувал дека Меган има агенда“, рекол Лејси во документарецот.

Џунор, која со години ги следи проблемите на кралското семејство, вели дека многу рано чула многу лоши приказни за тоа како Меган ги вознемирува луѓето.

„Не била толку шармантна колку што се чинеше“, рекла Џунор па продолжила да го критикува начинот на кој војводите од Сасекс го објавиле својот конфликт со кралското семејство за време на експлозивното интервју со Опра Винфри емитувано во март.

„Пристапот на Хари и Меган е чист шоубиз. Нашето кралско семејство не го сочинуваат славни личности. Тие се само службени членови на јавна установа. Бев згрозена од интервјуто со Опра. Тоа не се изјави што треба да и’ се сервираат на јавноста. Ваквите работи би требало да се разговараат приватно на психијатар“, рекла Џунор.

Кон крајот на јуни, Лејси во новото издание на својата книга Battle of Brothers тврдел дека кралски извори блиски на војводите од Кембриџ рекле дека Меган знаела да биде 500-процентна ноќна мора.

Лејси тврдел и дека гневниот принц Вилијам не можел да се воздржи пред пријателите на кои им кажал:

„Погледнете како таа проклета жена се однесуваше кон мојата послуга – немилосрдно.“

Принцот Вилијам тие зборови наводно ги изустил за време на засилената контрола околу однесувањето на послугата во Кенсингтонската и Бакингемската палата кон најновата членка на кралското семејство, што резултирало и со официјална истрага.

Хари и Меган се запишале поинаку во изводот на Лилибет за разлика од оној на Арчи
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.