Кога црниот дроб не работи правилно, целиот организам страда: Со овие навики несвесно го уништувате здравјето на најважниот орган!

Експертите предупредуваат

Не сте ни свесни колкава штета му правите на телото

Црниот дроб е еден од најголемите и најважните органи, а задолжен е за прочистување на крвта, отстранување токсини од организмот, претворање хранливи материи во енергија, но и за апсорпција на витамини и минерали. Докторите велат дека без здрав црн дроб нема ни добро здравје, а дека луѓето потполно несвесно го уништуваат здравјето на овој орган со некои навики.

Еве за што станува збор:

Внесувате премногу алкохол

Сите сме свесни за штетното дејство што алкохолот може да го има на нашето тело, особено кога станува збор за црниот дроб. Но некои луѓе се’ уште ги изненадува фактот што не е потребно прекумерно да се консумира алкохол за да се предизвика сериозна штета. Доколку сте здрав возрасен човек, повременото консумирање алкохол во мали количини е прифатливо, меѓутоа ако во семејната историја имате случаи на алкохолизам или болести на црниот дроб поврзани со алкохол, ограничете ја консумацијата на минимум, или уште подобро, целосно откажете се од алкохол.

Не пиете доволно вода

Сигурно веќе сте чуле дека неопходно е да се пијат најмалку осум чаши вода дневно. Ако тоа ви се чини многу, сетете се дека вашето тело се состои од околу 65 отсто вода, што значи дека на организмот му треба оваа течност за да функционира нормално.

Имате вишок килограми

Една од последиците од долгогодишната борба со вишокот килограми за која не се зборува доволно е насобирањето маснотии околу црниот дроб, што на крајот може да доведе до состојба позната под името неалкохолна болест на замастен црн дроб. Поимот „неалкохолна“ се користи затоа што кај оваа болест оштетувањето на црниот дроб е многу слично на штетата што ја предизвикува алкохолот, и покрај тоа што овие пациенти не консумираат прекумерни количини на алкохол, туку генерално на храна.

Јадете премногу благо

Главниот проблем лежи во високо процесираниот фруктозен пченкарен сируп, многу популарна супстанција во стандардната исхрана. Наместо чоколадо, секогаш е подобро да изедете некое овошје.

Обилно вечерате

Повеќето важни функции црниот дроб ги извршува во текот на ноќта, така што уживањето во тешки намирници ќе му создаде само дополнително оптоварување на овој важен орган.

Постојано сте под стрес

Стресот е главниот причинител на многу болести, па така и на лошата состојба на црниот дроб. Истражување ја покажало можната поврзаност помеѓу високото ниво на психички стрес и смртните случаи кои се последици на разни болести на црниот дроб.

Човечкиот црн дроб е создаден за да преживее 600 години, а луѓето го уништуваат за само 60: Еве како!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.