Човечкиот црн дроб е создаден за да преживее 600 години, а луѓето го уништуваат за само 60: Еве како!

Дали сте знаеле?

Доколку ја игнорирате оваа состојба и продолжите со стариот начин на живот и исхрана, неизбежно ќе дојде до цироза

Многу научници се сложуваат дека човечкиот црн дроб може да преживее најмалку 600 години без никакви операции, но просечниот човек ја одржува здрава одвај 60.

Еве како ја отштетуваме најголемата жлезда во организмот!

Еден од најразорните фактори е консумирањето премногу животински масти и складирање преголема количина на протеини во црниот дроб, што е најчестиот случај кај љубителите на месо и нездрава храна, но и кај професионалните спортисти.

Според епидемиолошките истражувања, зачестеноста на масен црн дроб во последниве години значајно се зголемила, особено кај жените. Се верува дека помеѓу 25-28 отсто од светската популација страда од болести на црниот дроб, а дека 16 отсто од нив заболеле во младоста.

Доколку масниот црн дроб се игнорира и се продолжи со стариот начин на живот и исхрана, неизбежно ќе дојде до цироза, тешка хронична болест на црниот дроб, која на крај може да резултира со целосна загуба на функцијата на црниот дроб.

Како се лекува масен црн дроб?

Најважниот фактор во лекувањето масен црн дроб е исхраната, која подразбира ниско ниво на маснотии и ограничено внесување намирници што потенцијално би можеле да му наштетат на црниот дроб.

Како храната го оштетува црниот дроб?

Храната што ја јадеме влегува во стомакот, а потоа во цревата. Во цревата се разложува, вари и се апсорбира во крвта. Потоа, низ крвотокот се пренесуваат хранливите материи, кои преку крвните садови стигнуваат до црниот дроб. Вишокот маснотии од животинско потекло внесени преку тешката храна исто така доаѓаат до црниот дроб, кој е своевиден филтер во организмот. Кога има премногу од тие маснотии, црниот дроб нема друг избор освен да ги апсорбира маснотиите во себе.

Клетките на црниот дроб така со текот на времето пропаѓаат, а кога црниот дроб ќе ја изгуби моќта да неутрализира толку многу маснотии, холестеролот почнува слободно да патува низ крвотокот, таложејќи се во други витални органи и ткива.

Складираните масти и наслаги од холестерол во крвните садови и капилари понатаму доведува до развој на васкуларна склероза (атеросклероза), а во иднина можат да биде причина за мозочен и срцев удар, како и за коронарни болести на срцето. Наслагите од холестерол и маснотии го уништуваат и панкреасот, што може да доведе до развој на дијабетес.

Како да го спречите или решите овој проблем?

Од исхраната би требало да исфрлите транс-мастите и генерално да ја ограничите количината на внесени маснотии. За детално мени, најдобро е да се консултирате со лекар.

Во секој случај, треба да јадете што повеќе намирници кои се сметаат за мелем на црниот дроб: артичоки, тиква, зелена салата, сурутка, морков, цвекло,зелка…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.