Има 46 години, а живее за да заведува туѓи мажи: Вежба секој ден, троши многу пари на разубавување и пак не е среќна!

Се шушка

Иако зборува дека се сака себеси и својот изглед, Ларса е далеку од тоа

Ларса Пипен повторно била главна ѕвезда на плажите во Мајами и тоа благодарение на бикините и облините кои гордо ги истакнала во прв план.

Американската популарна ѕвезда од реални шоуа, позната и како поранешна пријателка на кланот Кардашијан, 46-годишната Ларса Пипен, се труди да го одржува своето тело во совршена кондиција.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Larsa Marie (@larsapippen)

Се зборува дека Ларса вежба секој ден, внимателно одбира што јаде, а сето тоа за нејзиното тело да изгледа младолико. И иако изгледа како Ларса да е сосема задоволна од својот изглед, оние што ја следат на Инстаграм можат да разберат едно нешто: Ларса сака да изгледа помладо, но и послабо.

Имено, оваа ријалити ѕвезда секојдневно споделува фотографии на оваа социјална мрежа кои немаат врска со реалноста. Без брчки, стрии, целулит и барем пет килограми послаба – Ларса на Инстаграм не е иста како Ларса во реалниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Davidson (@themagazinecity)

Ларса неколку пати се нашла во жариштето на големи медиумски скандали, а еден од последните се однесува на нејзиниот нов 24-годишен дечко Малик Бизли, со кого започнала врска додека тој сè уште бил во брак со поранешната сопруга Монтана Јао, сокоја има и дете.

Откако дознала за аферата, Монтана поднела документи за развод и за сето тоа се огласила јавно, па дури и ја нападнала Ларса на социјалните мрежи.

Целата ситуација беше брутална, нема да ве лажам. Ми беше кажано да ја напуштам семејната куќа пред 10 дена и ја сум сè уште збунета, исто како и вие. Не ми се обрати приватно, ниту ми се извини јавно. Не сум личност што открива премногу информации во јавност, но секако ќе почнам ако има можност за тоа“, изјавила тогаш изневерената сопруга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Larsa Marie (@larsapippen)


Потоа, работите ескалирале, а навредите и кавгите преку социјалните мрежи се заостриле, па Монтана дури и го обвинила Малик дека поради Ларса не сака да го види ниту нивниот син.

Тоа тврдење е невистинито. Всушност, тоа е апсолутна лага. Малик ги направи сите напори за да ги посети поранешната сопруга и детето, но таа го одбила тоа и барала невидени финансиски износи. Мотивите на Монтана Јао се јасни и немаат никаква врска со интересите на нивниот син“, изјавил адвокатот на Малик.

Ларса претходно била во брак со кошаркарот Скоти Пипен, со кого има четири деца и за кого се омажила во далечната 1997 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @NikkiOH (@nikkioh.co)

Неколку пати се појавила во шоуто на Кардашијан, но по тврдењето дека Канје Вест ја малтретирал по телефон и по наводите дека се забавувала со поранешните партнери на Клои Кардашијан и Кајли Џенер, семејството ѝ свртило грб и пријателството станало минато.

Позната е како растурачка на бракови: Додека 22 години помладиот љубовник поминува низ пекол поради разводот, таа ужива!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.