Позната е како растурачка на бракови: Додека 22 години помладиот љубовник поминува низ пекол поради разводот, таа ужива!

Интересно

Ова не е првиот брак што го уништила Ларса – поранешната најдобра пријателка на Ким Кардашијан ужива во славата и во прекарот „растурачка на туѓи бракови“

Ларса Пипен е фотографирана како ужива на плажа во Мајами само неколку дена откако сопругата на кошаркарот Малик Бизли, поднела документи за развод поради прељуба.

Ѕвездата од реални шоуа Ларса Пипен (46), која е позната по скандали, на почетокот на месецот се нашла во уште еден скандал.

Поранешната сопруга на кошаркарот Скоти Пипен била фатена како разменува нежности со 22 години помладиот и оженет кошаркар Малик Бизли.

Сопругата на Малик, Монтана Јао, за неговото неверство дознала на Твитер, кога се појавиле фотографии на кои се држи за рака и се шета низ еден трговски центар во Мајами со Ларса, па веднаш поднела документи за развод.

Иако поминало само една недела откако уништила еден брак, Ларса сега е фотографирана како ужива на плажа во Мајами како ништо да не се случило.

Во едноделен црн костим за капење со длабоки изрези, го покажала страничниот дел на градите и ги нагласила своите бујни облини и иако се обидела да се сокрие зад големи очила за сонце, тешко било да остане незабележана.

Друштво на плажа ѝ правела пријателката Мишел Пуч, која исто така носела провокативен едноделен костим со изрези, а дамите биле фотографирани како пијат коктели и се сончаат.

Од кошаркарот кому неодамна му го уништила бракот овој пат немало ни трага.

Ларса инаку е позната по врските со кошаркари. Сите нејзини љубовници се доста помлади од неа, а неодамна завршила на насловните страници на бројни таблоиди кога објавила дека била во врска со Тристан Томсон, таткото на детето на Клои Кардашијан.

Со Пипен била во брак речиси 21 година, а документи за развод поднела дури два пати. Првиот пат го направила тоа во 2016 година, но се смириле, а потоа повторно во 2018 година, и тоа било конечно. Заедно имаат четири деца.

НБА ѕвезда ги исфрлил сопругата и детето од дома поради 22 – години постара љубовница!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.