Мистеријата на Чернобил: По 33 години научниците успеале да откријат што се случува во познатиот Реактор 5! (ВИДЕО)

Чернобил и понатаму е предмет на истражување

Со помош на новата технологија, 33 години подоцна, научниците добиле можност да погледнат и во петтиот реактор на нуклеарката што ја предизвика една од најголемите катастрофи во поновата историја

Разорната експлозија која во 1986 година се случила во чернобилската електрана Реактор 4 и предизвикала нуклеарна катастрофа, и понатаму е предмет на истражувања.

Мрачната внатрешност на чернобилската контролна соба во Реактор 4, во која дошло до разорна експлозија во 1986 година, сега официјално е отворена за туристи сè додека се подготвени да облечат одело „Хамзат“ пред да влезат и да поминат низ радиолошки испитувања по излегувањето.

Иако во Припјат и Чернобил денес можат да одат и туристи, постојат некои делови кои сè уште се недоволно испитани.

Една од мистериите до неодамна беше и Реакторот 5, кој во моментот на експлозијата бил во завршната фаза од изградбата. Со оглед на тоа што се наоѓа во ризична зона, научниците не биле сигурни дали во неговите базени имало прачки со осиромашено ураниумско гориво.

Со помош на новата технологија, минатата година, 33 години подоцна, научниците добиле можност да погледнат во петтиот реактор на нуклеарката.

Погледнете како денес изгледа местото на чернобилската катастрофа…

Имено, специјално дизајнираниот дрон Елиос 2 на компанијата Flyability, имал задача да изврши инспекција на една од најопасните и најнедостапните локации на светот. Мисијата била особено тешка, бидејќи дронот морал да прелета ѕид висок 70 метри, поради што би дошло до губење на сигналот и Елиос 2 би бил изгубен.

Меѓутоа, летот бил изведен успешно, а научниците ги добиле посакуваните информации – дека базенот на Реакторот 5 е празен, без нуклеарен отпад.

Либан: Младенци ги прават своите венчални фотографии во моментот на катастрофалната експлозија во Бејрут (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.