Ексцентричниот милионер стана татко: Жанлука Ваки доби ќерка (ФОТО)
„Разиграниот дедо“ стана татко
Италијанскиот плејбој Жанлука Ваки (52) стана татко. Милионерот кој привлече внимание со лускузниот начин на живот и неговата две децении помлада шврценица Шерон (25) добија ќерка.
Некогашниот бизнисмен, диџеј и ѕвезда на социјалните медиуми среќната вест ја сподели на својот инстаграм-профил.
Таа е со нас! Шерон и јас сме среќни бидејќи нашата ќерка се роди утринава. Му благодариме на Господ што е здрава и веќе ја сакаме повеќе од нашите животи“, напиша гордиот татко.
Фото: Инстаграм, Getty Images