Кијану Ривс драстично го промени изгледот: Повторно е оној стариот фраер!

Конечно се потстрижал

Косата до рамена по која стана препознатлив отишла во заборав, како и неговата брадичка

По долги години, Кијану Ривс одлучил да го промени имиџот!

Неговата коса до рамена по која стана препознатлив со текот на времето отишла во заборав, а актерот сега има кратка војничка фризура.

На потстрижување, но и на бричење на брадичката, по која исто така е препознатлив, го натерало снимањето на филмот„Матрикс 4“.

Откако се појавиле негови фотографии на Интернет, обожавателките не престануваат да му делат комплименти на познатиот актер и да коментираат како тој повторно е „оној стариот фраер“ и како се подмладил неколку години.

Кијану бил забележан со новата фризура пред хотел во Берлин каде веќе неколку месеца се снима четвртото продолжение на култниот филм, а до хотелот го донела девојка му Александра Грант, откако заедно го поминале викендот.

Дали ви се допаѓа новиот имиџ на Кијану Ривс?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.