Зошто хормонален дисбаланс?

Зборуваме за ксеноестрогените

Покрај познатите фактори што се одразуваат негативно на ендокрината функција, постојат причинители на хормонални нарушувања за кои малку знаеме…

Во пораст се здравствените проблеми како последици на нарушена ендокрина функција и хормонални дисбаланси.  Покрај познатите фактори што се одразуваат негативно на ендокрината функција, постојат причинители на хормонални нарушувања за кои малку знаеме, како што се ксеноестрогените.

 

Ксеноестрогените се синтетички молекули користени во индустријата, кои се однесуваат точно како естронот и естрадиолот, односно нивната молекуларна структура им овозможува лесно да се врзат за естрогените рецептори на клетките и да предизвикаат или да го засилат естрогеното дејство, создавајќи т.н. естрогена доминација. Ова е особено значајно по 35-тата година, во периодот на перименопауза, и понатаму со стареењето, во менопаузата, кога доаѓа до континуирано опаѓање на нивоата на репродуктивни хормони, пред сѐ на естрогенот и на прогестеронот. Во такви услови влијанието на ксеноестрогените доведува до уште поголема доминација на естрогенот, особено релативно во однос на прогестеронот, што резултира со развој на хронични хормонални дисбаланси и заболувања.

Во мартовското издание на магазинот „Убавина и здравје“ (во продажба на 10.03) прочитајте ги советите од нутриционистот Сашко Дрвошански како ефикасно да се победи доминацијата на естрогенот и да се вратат хормоналниот баланс и здравјето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.