Крвната анализа за хормоните овозможува откривање многу болести, дури и ако нема симптоми: Кога се прави проверка на хормоните?

Со помош на оваа анализа можеме да дознаеме како функционираат тироидната жлезда, хипофизата, надбубрежните и млечните жлезди, јајниците и другите жлезди.

Оваа анализа овозможува откривање тумори, нарушувања на менструалниот циклус, почеток на менопауза, па и утврдување на причините за неплодност, како и за импотенција.

Хормоните се активни во размената на супстанциите (метаболизам), репродуктивната функција, растот и други важни процеси. Нивното ниво може да се промени и зависи од полот и од возраста. На анализа на крвта може да ве испратат во следниве случаи:

* кога постои сомневање за прекин во работата на внатрешните органи, како и патолошки состојби на фетусот за време на бременоста;

* кај метаболички нарушувања и дебелина;

* кај симптоми на дијабетес;

* кај какви било неоплазми;

* кај одредени надворешни промени (паѓање коса, сувост на кожата, влакнавост..).

Се разбира, една анализа на крвта за хормони не е доволна за да се постави дијагноза. Затоа лекарот, по правило, бара низа анализи.

ВИДОВИ ХОРМОНИ

При анализата на јајниците станува збор за естрогени, гестагени и прогестерони, кои ги регулираат менструалниот циклус и сексуалното созревање и влијаат на текот на бременоста.

Панкреасот ги контролира инсулинот и глукагонот, кои се одговорни за апсорпција на шеќерот и за правилен метаболизам.

Надбубрежните жлезди се одговорни за работата на срцето и се карактеризираат со хормони како што се глукокортикоиди, андрогени, адреналин, норадреналин.

Тироидната жлезда го стимулира растот на ткивата. Во случај на нарушена функција, се прават испитувања за тироксин, калцитонин и тријодотиронин.

Хипофизата е одговорна за растот, сексуалното созревање, преработката на маснотиите и производството на млеко. Хормоните што се активираат во овие процеси се пролактин, антидиуретичен и тропски хормон, хормон за раст итн.

Паратироидните жлезди влијаат на размената на фосфор и калциум во организмот. Тие го содржат хормонот паратирин.

ПРАВИЛА ЗА ПОДГОТОВКА

Овие препораки се однесуваат на сите анализи на крвта за хормони:

  • 24 часа пред анализите не напрегнувајте се физички или емоционално, избегнувајте прегревање и прекумерно ладење;
  • 12 часа пред анализите не пијте алкохол, не јадете мрсна храна и не пушете 12 часа;
  • хормоналните контрацептиви може да влијаат на резултатот, како и самиот однос. Затоа треба да се воздржите од интимност и од земање на овие лекови неколку дена пред анализите, освен ако не ги препорача лекарот;
  • на анализи за хормони треба да одите со празен желудник (гладни).

Меѓутоа, пред да направите одредена крвна анализа за хормони, покрај горенаведените основни правила, мора да се придржувате и кон посебните барања (видете ја табелата).

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОГРАНИЧУВАЊА

ПАНКРЕАС

– Во текот на 24 часа не јадете слатки

– На денот на анализите не пијте кафе или силен чај, ниту пушете

– Пожелно е да не ги четкате забите наутро, да не џвакате гуми за џвакање, да не земате лекови (освен важните за живот)

НАДБУБРЕЖНА ЖЛЕЗДА

Не влегувајте во конфликти, не вознемирувајте се. Направете анализи помеѓу осум и десет часот наутро. Пред анализата на алдостерон, неколку часа седете во мир, за што подобра прецизност на наодите.

ПОЛОВИ ХОРМОНИ, ПРОЛАКТИН

Пред анализите треба да се избегнуваат интимни односи. Задолжително земете ги предвид деновите на менструалниот циклус: естрадиол и тестостерон се вадат седмиот ден, а прогестерон 22-от ден. Непожелно е да се практикуваат топли бањи или да се оди во сауна 24 часа пред проверката за пролактин.

ТИРОИДА

Нивото на тироидните хормони е доволно стабилно во текот на 24 часа и затоа не бара посебна подготовка за анализи.

Сепак, еден ден пред анализите треба да избегнувате јадења што содржат трбушки (ова често ја вклучува и ендокрината жлезда). Тоа може да доведе до лажни резултати и погрешна дијагноза.

Доколку земате некаков лек за штитната жлезда, на денот на анализата не земајте го утрото, туку испијте го по вадењето крв.

Докторот треба да го информирате за употребата на ацетилсалицилна киселина, лекови за смирување, кортикостероиди и орални контрацептиви.

Запаметете! Жените можат да направат испитувања за тироидните хормони дури и во деновите на менструацијата.

Текст: Јелена Петрова, интернистка

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.