Климактерична невроза: Дали оваа состојба трае долго?

Совети од психолог

За време на реорганизацијата на хормоните, женската психа е изложена на сериозно оптоварување и тогаш е важно да не се дозволи овој процес да тече самостојно.

 „Оженет сум повеќе од 20 години. Во принцип, мојот брак би го нарекол хармоничен, ако не ја земам предвид моменталната емоционална состојба на мојата сопруга. Имено, таа стана сомничава, раздразлива, се навредува дури и за незначителни работи. Понекогаш нејзините реакции се несоодветни, речиси агресивни во ситуации на кои претходно не обрнуваше внимание. Има проблеми со спиењето, де ѝ е топло де ладно, притисокот ѝ скока…

Лекарите ѝ дијагностицираа климактерична невроза, но тоа сознание воопшто не ни олеснуваше мене и на нашата ќерка.

Напротив, почнувам да забележувам дека и јас станувам нервозен, лош и раздразлив. Со други зборови, се покажа дека не сум подготвен за таква промена во карактерот на мојата сопруга. Таа ги пие лековите пропишани од нејзиниот ендокринолог, спокојна е, но штом ќе помине некое време, повторно станува раздразлива.

Би сакал да прашам како да се справам со оваа ситуација, без да добијам и јас дијагноза на невроза. Дали оваа состојба трае долго? Како можам да ѝ помогнам на мојата сопруга?“

Александар, Скопје

На прашањето на читателот одговара психологот Олег Сергеевич Дорофеев.

Некои жени периодот на менопаузата го доживуваат многу лесно, додека други страдаат од цела низа симптоми, кои, за жал, може да траат многу долго време, дури и по почетокот на менопаузата. За време на реорганизацијата на хормоните, женската психа е изложена на сериозно оптоварување и тогаш е важно да не се дозволи овој процес да тече самостојно.

Вашата реакција на женските проблеми е поврзана (меѓу другото) со фактот дека сте навикнати на сосема поинакво однесување на сопругата. Раздразливоста, навредливоста, импулсивноста, како и изобилството поплаки предизвикуваат да имате рефлексивна склоност да реагирате на вообичаен начин (без оглед дали се тоа обиди да ѝ докажете на вашата жена дека не е во право или се внатрешно доживување на навреденост и раздразливост). Обидете се да ја промените сопствената реакција, едноставно кажано, да не ги земате при срце нејзините напади.

Во исто време, на сопругата ѝ е потребна поддршка. Разгледајте ја со неа можноста за различни процедури за подмладување, предложете ѝ заедно да се занимавате со гимнастика, јога, секојдневни прошетки на свеж воздух – тоа придонесува за зајакнување на нервниот систем.

За да ја преживее менопаузата, може да ѝ помогнат држење диета (елиминирање на мрсните, чадените, зачинетите, солените и кондиторските производи, консумирање повеќе свеж зеленчук, овошје, зелениште) и лековита фискултура.

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.