Што се случува со телото кога ќе „проработи“ тироидната жлезда: Килограмите се качуваат, косата паѓа – единствениот спас е ОВА

Секоја жена треба да го знае ова

Тироидната жлезда произведува хормони кои се неопходни за правилно функционирање на телото. Но што се случува кога тироидната жлезда ќе „потфрли“?

Тироидната жлезда ги покренува метаболичките процеси, варењето, го формира имунитетот и влијае врз репродуктивниот систем.

Тоа значи дека кога работата на тироидната жлезда ќе се наруши, тоа влијае врз сите органи во телото и предизвикува сериозни здравствени проблеми.

Кај жените, тироидната жлезда е тесно поврзана со јајниците и надбубрежните жлезди. Таа произведува хормони кои влијаат врз способноста за зачнување и раѓање дете, одржувајќи ги младоста и доброто расположение. Поради тоа, важно е да се следи здравјето на тироидната жлезда, да се разбере нејзиниот ефект на женското тело, за да остане активно и вито.

Девојките ја потценуваат улогата на тироидната жлезда, не ја следат хормонската заднина. Но со недостигот од тироксин, предизвикан од болести на жлездата, започнуваат сериозни здравствени проблеми:

  • брзо качување тежина, без оглед на нормалната исхрана
  • кожата станува сува и се лупи
  • постојана поспаност, слабост на мускулите
  • отоци на лицето и екстремитетите

И прекумерното производство на тироидни хормони доведува до непријатни симптоми. Многу процеси почнуваат да се забрзуваат, метаболизмот се менува, па жената губи тежина без причина. Доаѓа до треперење на рацете, срцебиење и раздразливост. Ова го попречува секојдневниот живот и грижата за себе и децата.

Болестите на тироидната жлезда се особени опасни за жените за време на бременоста. Многу хормони се вклучени во процесот на изградба на органите, нервниот систем и мозокот на бебето. Поради тоа, лекарите препорачуваат редовно да се следат хормоните во првото или второто тромесечје.

TSH рецепторите се присутни во жлезденото ткиво на женските гради и во слојот на ендометриум што ја обложува матката. Па така, ако тироидната жлезда откаже, нивното ниво во сите други органи се менува. Тоа провоцира ендометриоза, цисти во млечната жлезда, нивото на пролактин опаѓа, што влијае врз способноста за хранење на бебето.

Лекарите не препорачуваат самите да се лекувате со лекови на база на јод. Ако на своја рака ги земате овие лекови, можете да ја оштетите тироидната жлезда. Одлуката за лекување треба да ја донесе специјалист, кој прво ја анализира состојбата на пациентот, го открива нивото на микроелементи во крвта, а понекогаш, вистинската диета е доволна за да се врати тироидната жлезда во нормала, и тоа без лекови.

Симптомите што предизвикуваат недостиг или вишок хормони на тироидната жлезда, жените честопати ги припишуваат на ПМС, на исхраната, на прекумерната работа. Но кога ќе се појават знаци на хормонски дисбаланс, подобро е да се консултирате со лекар, да направите преглед и да го решите проблемот во рана фаза.

Како да препознаете рак на тироидна жлезда и кои се факторите на ризик? Овие симптоми се алармантни!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.