Како да препознаете рак на тироидна жлезда и кои се факторите на ризик? Овие симптоми се алармантни!

Итно одете на лекар ако ги забележите

Еве како да препознаете рак на тироидна жлезда

Тироидната жлезда е ендокрина жлезда во форма на пеперутка која се наоѓа во предниот дел од вратот, долж предниот дел на душникот. Тироидната жлезда лачи неколку хормони, а секој од нив има своја специфична улога во организмот.

Хормоните на тироидната жлезда влијаат врз бројни процеси во организмот: метаболизмот, растот, развојот, работата на срцето, сексуалната функција кај двата пола, одржувањето на бременоста, нивото на глукоза во крвта, телесната температура и метаболизмот на калциум.

Хормони на тироидната жлезда се:

  • Т4 (Тироксин)
  • Т3 (Триодтиронин)
  • Калцитонин

Ендокринолозите откриваат кои симптоми се појавуваат во случај на нарушена функција на тироидната жлезда и како да постапиме кога ќе ги забележиме.

„Се појавува чувство на замор, честа заборавеност и слични когнитивни нарушувања, како што е забавеното размислување. Нашиот мозок зависи од количеството на хормони на тироидната жлезда и ако ги немаме доволно, тој работи забавено. Се појавува и сувост на кожата, бидејќи, всушност забавена е и циркулацијата. Сè забавува, метаболизмот, варењето, се задржува поголемо количество на течности, се насобираат маснотии. Значи доаѓа до едно општо забавување на сите полиња во организмот. Забавува работата на срцето, доаѓа до пораст на долниот крвен притисок, а до снижување на горниот крвен притисок, па разликата меѓу нив станува помала. Се насобираат масти во крвта, расте холестеролот“, објаснуваат докторите и додаваат:

„Доколку овие симптоми се присутни, секогаш треба да се провери тироидната жлезда.“

Јазли на тироидната жлезда

Јазлите може да се и со микроскопска големина, може да не се ни видат со ултразвук, а може да бидат многу малигни. Постои медуларен карцином на тироидната жлезда, кој е голем еден до два милиметри, а кој веќе има голем малиген потенцијал. Тој се одредува со помош на тумор маркер. Се одредува нивото на калцидонин и тоа ќе покаже дали некој од тие јазли има малиген потенцијал за тој вид тумор. Некогаш се случува јазлите да се поголеми од 6 см, да се претвориле во цисти, да се исполниле со течност и тие воопшто не се опасни.

Кои се фактори на ризик за појава на рак на тироидната жлезда?

Фактори на ризик за развој на карцином на тироидна жлезда се генетските мутации, ниското ниво на јод и изложеноста на зрачење. Во тироидната жлезда може да се развијат неколку бенигни израстоци, како што е зголемувањето на тироидната жлезда наречено струм, што може да ја направи жлездата поголема од вообичаено или да развие грутки и испакнатини. Гушавоста не се шири на другите делови од телото и обично не е опасна по живот.

Уште една бенигна состојба се тироидните јазли, кои се појавуваат како грутки во тироидната жлезда. Во 5 до 15 отсто од случаите, јазлите на тироидната жлезда може да се развијат во рак, но повеќето не се развиваат. Некои израстоци во тироидната жлезда се малигни, што значи дека можат да прераснат во други ткива и да се прошират на другите делови од телото.

Забавената работа на тироидната жлезда повеќе ги погодува помладите: Главната причина за тоа е недостигот од еден витамин!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.