Забавената работа на тироидната жлезда повеќе ги погодува помладите: Главната причина за тоа е недостигот од еден витамин!

Овој витамин има клучна улога

Милиони луѓе имаат недоволно активна тироидна жлезда

Тироидната жлезда е „диригент“ на ендокриниот систем, кој ја има една од најважните улоги во нашиот организам. Меѓутоа, милиони луѓе имаат недоволно активна тироидна жлезда. Додека уште повеќе луѓе имаат субклинички форми на инсуфициенција.

Тироидната жлезда е најголемата ендокрина жлезда во човечкиот организам со специфичен изглед во форма на пеперутка, која се наоѓа во долниот, преден дел на вратот. Позната е и како штитна жлезда.

Хормоните на тироидната жлезда што таа ги произведува и ги лачи во крвотокот, директно влијаат врз работата на речиси секоја наша клетка. Станува збор за хормоните:

  • тироксин – тетрајодтиронин, Т4
  • тријодтиронин, Т3
  • калцитонин

Имено, доколку не се лекува, инсуфициенцијата на тироидната жлезда може да доведе до други хронични болести, токму поради недостигот од хормоните што ги лачи, а кои влијаат врз целата работа на организмот.

Кога функционира нормално, тогаш сите процеси во телото се одвиваат со одредена оптимална брзина. Ако тироидната жлезда не произведува доволно хормони, метаболизмот се забавува и сите органи почнуваат да страдаат: мозокот, срцето, црниот дроб и други. Од друга страна, ако лачи повеќе хормони одошто треба, тогаш метаболизмот премногу се забрзува, што повторно не е добро.

Инсуфициенција на тироидната жлезда може да настане од различни причини. Порано се сметало дека тоа е така поради недостиг од јог на организмот. Но може да биде поврзано и со недостиг од витамин Ц.

Имено, доколку на личноста ѝ недостига витамин Ц, ниту јодот не може да се апсорбира.

Витаминот Ц е неопходен за здрава функција на тироидната жлезда. Бројни истражувања потврдиле присуство на вишок оксидативен стрес и влошување на антиоксидативниот одбранбен систем во случај на болести на тироидната жлезда. Во едно големо пилот-истражување, откриено е дека сите субјекти со бенигна или малигна болест на тироидната жлезда имаат ниско ниво на антиоксиданси, особено на селен, цинк и витамин Ц.

Ниско ниво на селен и цинк не е пронајдено кај сите пациенти со тироидна жлезда во други истражувања, но сите истражувачи забележале недостиг од витамин Ц во комбинација со оштетена функција на тироидната жлезда. Научниците веруваат дека кај пациентите со болести на тироидната жлезда може да се појави недостиг од витамин Ц, како последица на неправилна работа на надбубрежната жлезда.

Како работата на надбубрежната жлезда влијае врз тироидната?

Физичкиот, менталниот и емоционалниот стрес влијае врз надбубрежната жлезда. А таа содржи најголема концентрација на витамин Ц во телото. Прекумерниот стрес, заедно со недоволната количина на витамини во телото, може да предизвика дефицит, што ѝ предизвикува стрес на надбубрежната жлезда.

Бројни истражувања покажуваат дека хроничниот стрес на надбубрежните жлезди ја нарушува функцијата на хипоталамусот. Тоа е така затоа што сигналот од тироидните хормони се испраќа во хипоталамусот и хипофизата, а сè што ја нарушува оската на хипоталамусот може да влијае и врз функцијата на тироидната жлезда.

Истражувањата покажуваат дека недостигот од витамин Ц е присутен кај сите луѓе со инсуфициенција на тироидната жлезда, но причината за тоа може да биде заморот на надбубрежните жлезди. Поради тоа, многу е важно да се вклучи храна и/или суплементи што содржат витамин Ц, особено кога е присутен постојан стрес.

Ако фармацевтскиот препарат со синтетички хормони (левотироксин или еутирокс) не ви дејствува, можете да размислите за земање суплементи на витаминот Ц. Разговарајте за ова со вашиот доктор. Еден од водечките експерти за лекување, доктор Џон С. Лу, препорачува терапија со високи дози на витамин Ц (до интестинална толеранција) во период од четири недели.

Но најдобро би било да јадете што повеќе разновидно овошје и зеленчук, кои содржат витамин Ц.

Тест кој можете да го направите дома – Проверете ја работата на тироидната жлезда со помош на термометар
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.