Ново во аптеките на Еурофарм!

Лифтинг лепенки за контури околу очи

Иновативен производ за смирувачки и лифтинг третман реализиран со технологијата Dermo Science Cryo Effect, специјален хидрогел кој содржи концентрат од активни состојки кои ги тонираат и навлажнуваат областите околу очите.

Активните состојки обезбедуваат тројно дејство: хијалуронската киселина, со три различни молекуларни тежини, создава навлажнувачки филм кој ја одржува еластичноста на кожата; колагенот, кој има лифтинг ефект, ја одржува кожата цврста и младолика; витаминот Е, со своите антиоксидантни својства, делува против стареење на кожата.

Лепенките се микро-перфорирани, со што не се спречува потењето и размената на температурата на кожата, што го засилува ефектот на крио гелот. Нема потреба од плакнење. Лепенките се практични и лесни за употреба благодарение на нивната анатомска форма.

Хидрогел маска со филер и лифтинг ефект VIPER VENOM

Иновативен производ за филер деконгестивен третман, изведен со технологијата DermoScience Cryo Effect, специјален хидрогел кој содржи концентрирани активни принципи кои можат да го вратат тонот и хидратацијата на контурата на лицето и очите. Активните принципи во овој производ имаат повеќекратно дејство – Viper Venom, способен да го спречи создавањето на брчки и да ги намали веќе постоечките, хијалуронската киселина (со три молекуларни тежини) создава навлажнувачки филм кој ја зачувува еластичноста на кожата, колагенот (со својот лифтинг ефект) ја одржува Вашата кожа младолика и компактна, додека витаминот Е (со своето антиоксидантно дејство) го спречува стареењето на кожата.

Маската е микро-перфорирана, со што не се спречува потењето и размената на температурата на кожата, што го засилува ефектот на крио гелот. Нема потреба од плакнење. Маската е практична и лесна за употреба бидејќи нејзината анатомска форма се вклопува на секаков тип на лице.

ХИДРОГЕЛ МАСКА ЗА КОНТУРИТЕ ОКОЛУ ОЧИТЕ GLACIAL ALPS WATER

Иновативен производ за деконгестивен третман и третман против стареењето на кожата предизвикано од загадувањето на воздухот наменет за пределот на контурата околу очите.

Специјален хидрогел кој содржи концентрат од активни состојки кои нудат повеќекратни придобивки: водата од Италијанските Алпи обезбедува влажност и свежина, ја оживува кожата и ја подобрува нејзината еластичност; хијалуронската киселина, со три различни молекуларни тежини, создава навлажнувачки филм кој ја зачувува еластичноста на кожата; Pronalen Bio Protect, комплекс од природни активни состојки кои се спротивставуваат на ефектите од стареењето на кожата предизвикани од загадувањето на воздухот; витаминот Е е антиоксиданс и го спречува стареењето на кожата.

Маската е микро-перфорирана, со што не се спречува потењето и размената на температурата на кожата, што го засилува ефектот на крио гелот. Нема потреба од плакнење. Маската е практична и лесна за употреба бидејќи нејзината анатомска форма се вклопува на секаков тип на лице.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.