Манекенката го прослави својот 60. роденден: Сите се шокираат кога ќе сфатат дека ја шета ќерка ѝ, а не внуката!

Поранешната сопруга на Сталоне

Познатата актерка и манекенка го прослави роденденот во кругот на најблиското семејство

Брижит Нилсен го прослави својот 60. роденден и по тој повод објави семејни фотографии со својата ќеркичка Фрида (5) и со сопругот Матија Деси (44).

Двете биле облечени во идентични сино-бели фустанчиња како да се најдобри другарки, но нејзините следбеници биле убедени дека тоа е внука ѝ, со оглед на старосната разлика меѓу нив.

Актерката и понатаму изгледа неверојатно и нејзините долги нозе дошле до израз во овој фустан со карнери. Него го комбинирала со жолти потпетици со панделка, а својата препознатлива фризура ја стилизирала така што ја зачешлала наназад.

Нејзината ќерка Фрида изгледала прекрасно во слично фустанче. Нејзината долга, кафена коса била врзана во две опавчиња, а имала и розови очила за сонце и ладало за вистински мали дами. Тие изгледале како да излегле од некоја „Дизни“ продавница, со оглед на сите детали што ги носеле.

„Мојот ден на раѓање… им благодарам на СИТЕ“, напишала Брижит под фотографијата од оваа роденденска прослава.

Потоа, следувале честитки од пријателите и обожавателите ширум светот на неколку јазици. Славеничката била видно расположена.

Роденденска честитка добила и од нејзиниот син Килијан (33), кого го добила со поранешниот НФЛ играч Марк Гастин:

„Среќен роденден мамо!!! Ова нека ти биде ден за паметење!!! Те сакам.“

Брижит и Матија се венчале во 2006 година, а својата ќеркичка Фрида ја добиле во јуни 2018 година со помош на вонтелесно оплодување.

Актерката почнала да замрзнува јајце-клетки на 40 години, но ѝ требало повеќе од деценија за да успее процедурата. Фрида, воедно, е и најмладото дете на оваа ѕвезда.

Таа има и четири возрасни синови: Раул (27) и Даглас (30) од бракот со Раул Мејер и Килијан (33) и Џулијан (39) од бракот со Каспар Виндинг.

Актерката ужива со 15 години помлад фраер: Љубела само силни мажи, но познатиот актер ја разочарал во кревет
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.