Несоница за време на менопауза: Зошто и како влијае на вашето секојдневие?

Здравје

Real woman drinking tea or coffee outdoor. full length mature woman sitting in a hammock chair with a cup of hot drink and relaxing in nature. close eyes. green plant. outdoor hammock. woman chilling enjoy relaxing sitting in fabric chair hammock at yard in garen near house. Peaceful and idyllic outdoor rest lifestyle

Повторно се разбудивте ненаспани? Еве во каква тесна врска се менопаузата и несоницата и што тоа значи за вас.

Телото е сложен систем, се менува со текот на животот под влијание на плодните хормони. Тоа го забележуваме секој месец додека чувствуваме како ни се менува расположението и погледот на светот во склоп со циклусот.

Во пубертетот, нашето тело се подготвува за исклучително важна работа: почнуваат да функционираат јајниците и секој месец се ослободуваат здравите јајце клетки. Потоа влегуваме во плоден период, период кога нешето тело можа да се зачне и да износи бременост. После 40 години почнуваат промените кои постепено водат до менопауза.

Јајниците одат на „одмор“, нивото на женските плодни хормони се намалуваат, процесот на стареење се забрзува. Периодот пред менопаузата, неколку години пред последните менструации, всушност со почетокот на самата менопауза, жената може да доживее многу непријатни симптоми.

Може да се дојде до омалаксаност, бранови на топлина, промена на тежината и многу други проблеми. Жените, кои се склони кон многу обврски, им се случува да ја занемарат вредноста на добриот и долг сон во овој период. За жал, несоницата е еден од незгодните симптоми.

Несоница во текот на менопаузата

Канадски научници спроведоа студии кои го споредуваа кавалитетот на сонот, неговото траење и различните пореметувања на спиењето кај жената во постменопауза (откако ќе престане менструацијата) и во текот на перименопаузата (периодот пред и на почетокот на менопаузата). Научниците документираа пораст на проблемите со спиењето во постменопауза и ги објавија резултати во списанието Менопауза, North American Menopause Societi (NAMS).

Несоницата е една од најчестите проблеми за време на менопаузата и погодува 40% до 60% од жените. Меѓу клучните, вреди да се истакнат проблемите со заспивањето, намалената длабочина и времетраењето на сонот, хроничната несоница, проблемите со утринското будење, ‘рчењето навечер и многу други. Сето ова влијае на секојдневниот живот: притисокот може да се зголеми, топлите бранови и главоболките се интензивираат.

Тие вклучуваат:

  • опструктивна ноќна апнеа (паузи во дишењето од 20 секунди или повеќе, поради што мозокот не добива доволно кислород);
  • периодични движења на нозете за време на спиењето (синдром на немирни нозе, поради што жената често се буди);
  • брзо движење на очите за време на спиењето (често со кошмарни или застрашувачки соништа) и промени во нормалниот циклус на спиење.

Иако многу студии веќе ги разгледуваат проблемите со спиењето поврзани со годините, неколкумина од нив го следеа сонот на жената во менопауза. Оваа нова студија, која опфати повеќе од 6.100 Канаѓанки, имаше за цел да покаже како сонот влијае врз промените во текот на менопаузата.

Истражувачите потврдија дека во споредба со жените во предменопаузата и перименопаузата, жените во постменопаузата требале подолго да заспијат (повеќе од 30 минути) и често патат од несоница и опструктивна апнеа во сонот. Затоа, доколку патите од несоница, а телото ви го зафатиле вакви промени, време е да консултирате со доктор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.