Северина повторно тужена: Овој пат од страна на судијката

Побара отштета од 3.000 евра за нарушување на угледот

Судијката Луција Ласиќ, која сакаше да ја потврди пресудата со која на Северина ѝ се одзема старателството над синот Александар, сега ја тужи хрватската пејачка и бара отштета од 3.000 евра.

Таа одлучила да ја поднесе тужбата бидејќи Северина јавно ја коментирала нејзината одлука на прес-конференција, а според судијката, тоа ѝ го нарушило угледот, пишува „Глорија“.

Одлуката на Северина да ѝ се одземе старателството над синот и за детето да се грижи неговиот татко,
бизнисменот Милан Поповиќ, ја донесе судијката Теа Голуб. По жалбата на Северина, за пресудата требаа дa одлучуваат три судијки.

Две од нив биле за тоа детето да се врти кај мајката, но Ласиќ ја потврдила одлуката детето да му припадне на таткото.

По ова Северина свика прес-конференција и го коментираше однесувањeто на судиите, велејќи дека „против неа се прави хајка, а дека Милан го плаќа судот за да го добие синот“.

За потсетување, Северина го изгуби старателството над синот Александар, а судот го даде на таткото. Поп-пејачката може да го гледа синот двапати неделно и за викенди, но не може да одлучува за неговата здравствена заштита и образование.

Фото: ATA Images 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.