Тајната на јакиот имунитет потекнува од Словачка: Супа од лук што штити од вируси и настинки

Имунитет силен како карпа

Доколку патот ве однесе во Братислава или кој било друг дел на Словачка, сигурно ќе го пробате ова традиционално јадење

Супата од лук што се служи во леб е словачко национално јадење што се јаде и во Чешка. Особено е популарна во текот на зимата, бидејќи лукот штити од вируси и настинки. Често во овој оброк се додава и рендано домашно козјо сирење или варено јајце, поради што дава чувство на ситост.

Состојки:
  • 600 мл пилешки бујон
  • 600 мл обична вода
  • 1 главица лук
  • 50 мл маслиново масло
  • сол и бибер по желба
  • неколку листови магдонос
  • неколку парчиња стар леб
  • сирење
  • јајце по желба
Приготвување:
  • Во лонец загрејте пилешки бујон со половина литар обична вода.
  • Чешнињата лук загрејте ги во маслиново масло на тивок оган.
  • По 10 минути, тргнете ги од рингла.
  • Сомелете го лукот во кој постепено ќе додавате топло масло.
  • Разредете ја течноста со 100 мл обична вода.
  • Во загреаниот пилешки бујон додајте смеса од лук.
  • Посолете и зачинете со бибер по желба, па додајте магдонос.
  • Загревајте на тивок оган додека се соединат сите состојки.
  • При крајот на готвењето изрендајте малку топено сирење или додајте разматено јајце.
  • Прелејте ја супата врз коцки стар леб кои претходно сте ги потпекле во тавче или тостер.
  • Украсете со магдонос.

Имате проблеми со желудникот? Оваа супа ја намалува киселоста во организмот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.