Супа што ја намалува киселоста во организмот: Спречува тешки болести, го јакне организмот

Нема подобра!

Народните лекови не можат да му наштетат на организмот, можат само да му помогнат во борбата за појак имунитет

Едно од правилата на алкалната исхрана, со која се намалува киселоста во телото, вели дека ако огладнете помеѓу оброците, треба да испиете малку супа од зеленчук.

Оваа супа е хранлива напивка и ќе ви помогне да го одржувате нивото на енергија. Најдобро е да ја приготвите во поголема количина, бидејќи може да ја пиете во текот на целиот ден.

Состојки:
  • 2 л вода
  • 3 моркова
  • 1 корен од магдонос
  • 4 стебленца целер
  • 2 главици кромид
  • 1 праз
  • 2 компира
  • 3 чешниња лук
  • 6 зрна бибер
  • 1 лавров лист
  • 1 врзоп магдонос
  • малку морска сол
  • маслиново масло
Приготвување:

Ставете вода да зоврие, а за тоа време исчистете го зеленчукот. Исечете го зеленчукот на крупни коцки, па ставете го во водата што врие. Поклопете и намалете ја температурата. Оставете ја полека да врие околу половина час.

Потоа исцедете го зеленчукот, но зачувајте ја супата без зеленчук. Кога ќе сакате да ја пиете, малку посолете ја и ставете некоја капка маслиново масло.

Оваа супа е спас за организмот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.