Царуваат бактерии и нечистотии: Овие грешки се причината за непријатната миризба од машината за перење

Немојте да го правите ова!

Експерт укажува на опасностите и открива како да го спречите ширењето бактерии и нечистотии во машината за перење алишта

Многу домаќинки кога ќе ја извадат испраната облека од машината за перење, веднаш ја затвораат вратата на машината и не ја отвораат до следното перење. Но тоа е голема грешка што може да предизвика големи проблеми.

Имено, топлината и влагата која настанува внатре е главниот виновник за непријатните миризби кои се шират внатре. Најголема опасност претставуваат насобраните бактерии и нечистотии.

Никогаш не би требало да ја затворате вратата на машината додека не ја користите. Поради влагата и топлината што останува по циклусот на перење, полесно се собираат бактерии и нечистотии.

„Првото нешто што им го кажувам на моите муштерии е да ја оставаат вратата од машината за перење отворена додека не ја користат. Оставањето на вратата затворена со часови или денови може да предизвика разни проблеми“, напишал експертот на Фејсбук.

Како да ја поправите веќе настанатата штета?

„Најголемиот проблем е собирањето нечистотии и бактерии. Многу луѓе мораат да ја менуваат гумата задолжена за затворање на вратата поради насобраните нечистотии. Токму тоа може да се одбегне ако ја оставите вратата отворена“, заклучил тој.

Прочитајте ги овие 7 одлични трикови за перење облека!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.