Овие хормони можат да ни го променат животот!

За да се чувствувате добро потребна е соодветна контрола на четири клучни хормони…

Фото: Pexels

Чувствувате желба да јадете нешто слатко или нешто солено? Чувствувате како крвта ви тече кон главата или ентузијазам за личноста спроти вас? Што и да ви се случи на ова ниво – нивото на „сакање“ – зависи од повеќе од 50 хормони што ги имаме кои испраќаат релевантни пораки до нашиот мозок.

Хормоните, хемиските супстанци произведени во телото, циркулираат во крвта и имаат специфично регулаторно дејство врз активноста на одредени клетки или нашите органи. Тие учествуваат во процесот на комуникација помеѓу клетките со цел да одговорат на некои од нивните функции.

Можеме да кажеме дека ние сме „резултат“ на рамнотежата меѓу нив, а особено на нашето расположение.

4 хормони кои одлучувачки влијаат на нашето расположение:

За да се чувствувате добро потребна е соодветна контрола на четири клучни хормони: допамин, серотонин, окситоцин и ендорфин. Ајде да видиме како влијаат на нас.

Ендорфин

Тие се пептиди произведени во мозокот, ја блокираат перцепцијата на болката и го зголемуваат чувството на благосостојба. Ендорфините се познати и како „хормони за добро чувство“. Наједноставниот начин да се зголеми нивното производство е темното чоколадо. Вториот е смеа (се препорачува гледање комедија) и третиот е вежбање.

Допамин

Во голема мера, допаминот е поврзан со животот, бидејќи има врска со волјата и мотивацијата што ја имаме да преживееме. Можеби го знаете под друго име: „хормонот за награда“. Ја мотивира потрагата по пријатни искуства и го зајакнува позитивното однесување. Продуктивноста се зголемува кога ќе поставиме нова цел и ќе се движиме кон неа.

Серотонин

Кога се чувствуваме задоволни и сити, тоа го должиме на серотонинот. Тој е во центарот на процесите кои се случуваат за нашето расположение, но и различни функции на телото, од кои најтипични се спиењето и апетитот. Серотонин развива самодоверба и не учи да се цениме себеси и да ги препознаваме нашите достигнувања. Високото ниво на серотонин промовира чувство на благосостојба, смиреност и среќа. Ниските нивоа придонесуваат за анксиозност и депресија. Природно го зголемуваме со утринска прошетка, вежбање и добар сон, како и кога ќе запознаеме луѓе кои прават да се чувствуваме добро.

Окситоцин

„Хормонот на љубовта“ ги зајакнува социјалните врски и довербата. Окситоцинот „дефинира“ како се поврзуваме со себе, со другите и со предметите. Неговото производство се зголемува преку активности како физички контакт (сексот ослободува огромни количини, а контактот со животни и деца исто така помага) и преку зајакнување на социјалната доверба, на пр. преку пристапот на другите. Кога го зајакнуваме окситоцинот, тој може да го балансира нивото на кортизол и да го намали крвниот притисок.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.