Вредат ли откажувањата во исхраната?

Исхрана без глутен, лактоза, шеќери, палео-исхрана...

Фото: Getty Images

Многу познати личности, по препорака на своите нутриционисти, ги избегнуваат намирниците што содржат глутен, млечни производи и шеќер. Нивната самоконтрола е навистина импресивна, но дали таквите радикални потези во исхраната се навистина неопходни?

Исхрана БЕЗ ШЕЌЕР
Факти: исфрлувањето на шеќерот од исхраната е исто како да се обидувате да го исфрлите поленот од воздухот што го вдишувате.

Шеќерот е состојка застапена речиси во сите прехранбени производи. Меѓутоа, ако го ограничите консумирањето на очигледните извори, како што се слатките, газираните пијалаци, печивата, како и сите преработени производи – сосема доволно ќе го редуцирате шеќерот во исхраната. Текстот продолжува по огласот…

Дефинитивно, шеќерот не е најнепожелната материја во човековата исхрана, а некои научници го поистоветуваат со отров. Тој докажано предизвикува доста негативни појави, како што се нагли промени на расположението, зголемување на телесната маса, нетолеранција на инсулин, која се јавува со тек на време, како и класичен облик на зависност кај некои луѓе.

Предности: ако сте „шеќерохоличар“, намалувањето на оваа материја или нејзино целосно исфрлање од исхраната може да го стабилизира расположението. Инаку, шеќерот во крвта предизвикува нагло растење на гликозата во крвта, како и на енергетското ниво, по што следува нагло опаѓање, а тоа е голем стрес за телото, но и за кожата.
Гликозата може да ги активира ензимите што го разградуваат колагенот во кожата.

Доколку шеќерот го исфрлите од исхраната, можно е губење килограми, но под услов да не претерувате со солена храна.

Недостатоци: објективно, не е лесно да се откажете од она што им претставува задоволство на повеќето луѓе. Оние што се залагаат за исхрана без шеќер тврдат дека потребата од слатко можете да ја задоволите со јадење слатко овошје. Меѓутоа обидете се во тоа да го убедите оној што со сласт јаде парче тирамису.

Последен збор: сите што ќе одлучат да се откажат од шеќер несомнено ги забележуваат позитивните промени на вагата за мерење тежина. Но ако не сте подготвени за овој вид аскетизам, тогаш барем намалете го количеството шеќер што го внесувате во секојдневната исхрана.

Палео-исхрана
Палеолитска исхрана опфаќа намирници до кои се доаѓа со лов, риболов или со собирање плодови во природата. Идејата врз која се базира овој концепт гласи: пештерскиот човек да не се хранел на тој начин, ни ние немаше да постоиме денес.

Нутриционистите се залагаат за овој тип исхрана бидејќи не содржи празни калории. Сепак предисториската исхрана има и свои мани.

Предности: веројатно нема да бидете гладни. Протеините подолго се варат, а растителните влакна од овошјето и од зеленчукот ќе ве заситат.

Поголеми се шансите да ја исполните дневната квота од 9 до 12 порции овошје и зеленчук – што значи дека на организмот ќе му обезбедите доволно антиоксиданси, витамини, минерали и растителни влакна.

Во организмот не внесувате намирници богати со сол, шеќер и конзерванси. Веројатно ќе загубите килограми, бидејќи изборот на храна е намален.

Недостатоци: недостиг на клучни хранливи материи, како што се калциум и вит. Д од млечните производи, вит. Б – од житарките.

Доколку црвеното месо е ваш единствен извор на железо, постои ризик да консумирате премногу заситени масни киселини, кои ја зголемуваат опасноста од срцеви заболувања.

Нема алкохол. Доволно кажавме!

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.