Забава за најмладите: Сè што треба да знаете за пливањето на вашето бебе

Ви откриваме кога нашите малечки можат да почнат со пливање и на кој начин оваа активност влијае на нивното здравје

Бебињата имаат вроден инстинкт да го задржат воздухот кога главчето ќе им го потопите во вода, но тој полека се губи по шест месеци од животот.

Децата немаат добри моторички способности за пливање до својата четврта година, па инстинктивно се движат низ водата. Текстот продолжува по огласот…

Пливањето им го олеснува психомоторниот развој на бебињата, придонесува за развивање физичка подготвеност, издржливост, рамнотежа и координација на движењата.

Прв контакт со водата

Новородените се како мали сунѓери што ги впиваат информациите од своето опкружување.

Откако девет месеци биле заштитени во стомакот на мајката во водено опкружување, бебињата по раѓањето се подготвени да „научат“ да пливаат.

На 6-месечна возраст, бебињата имаат добра контрола на вратот и родителите можат без проблем да пливаат со своето дете. Важно е бебето да не го изложувате на сонце, а водата мора да биде топла (30 степени Целзиусови).

Кога бебињата научуваат да пливаат?

Секое дете е посебнои има сопствено темпо на учење. Но колку порано ќе стапи во контакт со водата, толку се помали шансите да го заборави своето природно опкружување од изминатите девет месеци.

Учењето на детето правилно да плива трае и до една година за да може комплетно да ги совлада техниките за одржување во вода.

Дали хлорот може да предизвика алергија?

Хлорот им пречи само на оние што се генерално алергични на него, без разлика на возраста, а тие се навистина малубројни.

Опрема за часот

За еден час пливање потребна е истата опрема како и за престој покрај базен. За мајката, тоа се влечки, крпа, шампон и гел за туширање, а на бебето му се неопходни пелени за вода, крпа, шампон, крем за кожа, како и напивка за закрепнување по часот.

Што ако детето се плаши од вода?

Доколку детето во своето рано детство немало контакт со вода или со базен, ќе има поголем страв и ќе ја гледа водата како опасност.

Најважно е да бидете трпеливи и полни со разбирање кон малечкото, бидејќи секој учи да плива со сопствено темпо. Почнете со обука во плитка вода.

Како пливањето влијае на…

Дишењето Притисокот на водата предизвикува поинтензивно издишување на воздухот. На тој начин се зајакнуваат мускулите за дишење, а виталниот капацитет се зголемува за 20%.

Кардиоваскуларниот систем Притисокот на водата има позитивно дејство врз кардиоваскуларниот систем, бидејќи дејствува и на деловите на телото што се во вода, а преку кожата и врз вените.

Под влијание на тој притисок, околу 20% повеќе крв стасува во срцето и белите дробови.

Скелетот Врз развојот на скелетот влијае интензивно движење во водата, што го поттикнува растот на коските и нивното обликување.

Мускулите Пливањето го обликува мускулниот систем. Ортопедите во тоа гледаат основа за здрав развој на детето и за избегнување на лошо држење на телото.

Терморегулацијата Со редовни вежби се подобруваат реакцијата на детската кожа на студено и способноста за терморегулација.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.