Вредат ли откажувањата во исхраната?

Исхрана без глутен, лактоза, шеќери, палео-исхрана...

Фото: Getty Images

Многу познати личности, по препорака на своите нутриционисти, ги избегнуваат намирниците што содржат глутен, млечни производи и шеќер. Нивната самоконтрола е навистина импресивна, но дали таквите радикални потези во исхраната се навистина неопходни?

Исхрана БЕЗ ГЛУТЕН
Факти: глутеин е протеин од пченица, јачмен, ’рж, што значи дека го има речиси во сите намирници – од леб, тестенини, преку житарки и кекс до пиво, инстант-супи и сосови за салата.
Оние што ќе одлучат да се откажат од глутен се навикнуваат на алтернативни житарки, како што се ориз, кино, хељда, амарант и пченка.

Сепак само оние што имаат алергија на глутен мора стриктно да го избегнуваат! Кога овие лица ќе изедат храна што го содржи протеинот глутен, доаѓа до поттикнување на имунолошка реакција во организмот, која ја оштетува слузокожата на тенките црева, а тоа резултира со гасови, пролив и подуеност на стомакот. Честите реакции од овој тип го зголемуваат ризикот од канцер на дебело црево. Текстот продолжува по огласот…

Од целијакија (алергија на глутен) страдаат милиони луѓе, но двојно поголем е бројот на оние што се нетолерантни. Консумирањето леб и тестенини кај нив предизвикува подуеност, премаленост, депресивност и главоболка. Познати се примери на луѓе што 20-30 години без проблем консумираат намирници со глутен, но потоа пројавуваат проблеми.

Бидејќи сè уште не постои тест да откривање на нетолерантност на глутен, најдобар начин да го проверите тоа е да ги исфрлите од исхраната сите намирници што го содржат и да видите дали ќе се чувствувате подобро.
Обично подобрувањето следува веќе по неколку дена.

Предности: лицата кај кои е дијагностицирана целијакија чувствуваат најголем бенефит од овој тип исхрана. Многу луѓе забележуваат значителни подобрувања во изгледот, бидејќи чувствителноста на глутен може да предизвика разни воспалителни процеси, кои се манифестираат со појава на акни или на егземи.

Недостатоци: можно е зголемување на телесната тежина. Некогаш овој тип исхрана гарантираше редукција на килограмите, бидејќи постоеја малку алтернативни намирници освен зеленчук и овошје.
Меѓутоа денес на пазарот постојат безброј калорични производи без глутен, како што се леб, печива, кекс, теста за пица, а некои од овие замени се дури покалорични од стандардните производи, бидејќи произведувачите користат пченкарен скроб или скроб од компири за зголемување на текстурата.

Накрај, намирниците без глутен се двојно или тројно поскапи од стандардните производи.

Последен збор: изборот на безглутенски производи денес е многу богат. Сепак на сите што не мораат им се советува да не ја применуваат безглутенската диета и да јадат разновидна храна, но умерено.

Консумирање леб или тестенини кај лица што не поднесуваат глутен предизвикува подуеност, премаленост, депресивност и главоболка.

Текст: Бојана Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.