Вредат ли откажувањата во исхраната?

Исхрана без глутен, лактоза, шеќери, палео-исхрана...

Фото: Getty Images

Многу познати личности, по препорака на своите нутриционисти, ги избегнуваат намирниците што содржат глутен, млечни производи и шеќер. Нивната самоконтрола е навистина импресивна, но дали таквите радикални потези во исхраната се навистина неопходни?

Нема дилема дека Западот ги диктира сите трендови, од модни до технолошки, а кога станува збор за исхраната – Американците се повеќе подготвени на екстремности од другите народи.
Сепак неколку радикални потези во исхраната им го привлекоа вниманието на многу експерти.
Исхраната во која се изоставува еден вид намирници – глутен, млечни производи или шеќер – првенствено е наменета за лица со објективни здравствени проблеми.

Но, поради позитивните нуспојави, како што се подобрување на расположението и на изгледот на кожата, зголемување на концентрацијата, детоксикација и можност да се намалат килограмите, оваа исхрана стана вистински хит.
Услов за спроведување на волку радикални промени во исхраната се целосна посветеност и самодисциплина.
Од психолошка гледна точка, целосното исфрлување на една група намирници е полесно доколку обидот да се одржи умереност во сите. Текстот продолжува по огласот…

Фактот што ваквата исхрана ја спроведуваат многу познати личности, како и желбата да се биде во тренд, привлекува голем број приврзаници. Основната цел на овие типови исхрана не е губење килограми, иако и тоа се случува во некои случаи. Тогаш во што е финтата? Се потрудивме да откриеме…

Исхрана БЕЗ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ
Факти: да се исфрлат млечните производи од исхраната е многу потешко одошто мислиме. Тоа подразбира избегнување не само на млеко, јогурт и на сирење, туку и на некои неочекувани намирници, како што се енергетските плочки, виршлите и другите месни преработки, па дури и печивата.

Многу луѓе се нетолерантни на лактоза (млечен шеќер), што значи дека нивниот организам не произведува доволно ензими (лактази) за нејзино разградување, па затоа се задржува во дигестивниот тракт.
Таму бактериите предизвикуваат непријатни нуспојави, како што се пролив, гасови и грчеви. Сепак експертите велат дека кај повеќето луѓе не постои потреба целосно да се откажат од млечните производи.

Тие можат да толерираат мали количества лактоза, а без проблем можат да јадат и помали количества тврдо сирење, кое содржи мал процент млечен шеќер. Исто така, дозволен им е и јогурт, бидејќи корисните бактерии во него помагаат во разградувањето на лактозата во цревата.

За да утврдите дали сте нетолерантни на лактоза, направете го овој едноставен тест: испијте чаша млеко на празен стомак и следете како ќе се чувствувате во следните неколку часа. Иако не постојат докази дека целосно апстинирање од млеко и од млечни производи може да елиминира многу проблеми, од ждригавица и мигрена до егзема и затнатост на носот, некои луѓе тврдат дека токму тоа го доживеале откако престанале да ги консумираат овие намирници.

Предности: ако страдате од нетолеранција на лактоза, тогаш по исфрлување на млечните производи од исхраната ќе се чувствувате многу подобро.
Исчезнуваат подуеност, ждригавица и главоболка, а се забележуваат и подобрувања на кожата. Млечните хормони го поттикнуваат нивото на андрогени во организмот, а тие поттикнуваат продукција на маснотија што ги затвора порите.

Шеќерот во млекото предизвикува ослободување на факторот на раст, што може да предизвика воспалителни процеси, кои ги разградуваат колагенот и еластинот. Затоа исклучувањето на млечните производи може да го одложи појавувањето на карактеристичните знаци на стареење.

Недостатоци: губењето килограми не е загарантирано. Некои студии покажуваат дека луѓето што консумираат млечни производи се всушност послаби од оние што ги избегнуваат. Но од друга страна, ако го намалите количеството мрсни сирења и сладоледи, ќе го намалите и бројот на калории, што секако претставува услов за губење килограми.

Сè зависи од тоа што јадете наместо млечни производи. Алтернативите за кравјо млеко – соино и бадемово млеко – содржат незначително помал број калории, а им недостигаат значителни состојки, како што се калциум и вит. Д, кои се составен дел од кравјото млеко.

Доколку млекото и млечните производи комплетно ги исфрлите од исхраната, ќе морате да јадете многу зелен листен зеленчук и да земате вит. Д во форма на суплементи.

Последен збор: доколку не ви е дијагностициран проблем со нетолерантност или со алергии, а сепак се чувствувате подобро без млечни производи, тогаш е сосема во ред да спроведувате безмлечна исхрана. Сепак не очекувајте дека нејзините резултати ќе бидат видливи и во гардеробата што ја носите.

Тестот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.