Лук во вино го ЈАКНЕ ИМУНИТЕТОТ

Двапати годишно приготвувајте го овој „деликатес“ и нема да ве мачи настинка

Доколку пушач редовно јаде лук, ризикот од рак на белите дробови ќе се намали за 20%

Би сакала да споделам со вашите читатели еден корисен рецепт“, вели Евгенија Мирошниченко од Барановичи, Русија.

„Имено, со доаѓањето на пролетта, кај мене обично сѐ е како по сценарио: затнат нос, гребење во грлото, кивавица, температура. Еднаш дури поради ненадејна настинка ми пропадна важен деловен состанок. Пиев одвари од лековити билки за јакнење на имунитетот, јадев мешавина од суви кајсии и мед, коскесто овошје. Но немаше резултати.

За овој рецепт се фатив бидејќи веќе не знаев што да правам.

Дванаесет исчистени чешниња лук се прелеваат со половина литар домашно суво црвено вино.

Се остава да отстои две недели на темно место (за тоа време се протресува два-три пати). Потоа се цеди и се пресипува тинктурата во темно стаклено шише.

Се чува во фрижидер.

Се пијат по две-три лажичиња трипати на ден пред јадење, штом ќе се појават првите симптоми на физичка слабост. Курата трае две недели.

Јас веќе двапати ја пробав оваа тинктура и – не се разболев!

Коментира фитотерапевтката Ирина Григорјевна Кулшицка (Перм) 

Ова средство е права витаминска бомба, сѐ што ни треба пред „шмркачката“ зима. Лук во вино го јакне имунитетот, ја чисти крвта, го снижува нивото на холестеролот, ја нормализира работата на кардиоваскуларниот систем.

Препорачувам чешнињата лук да ги пресечете наполу, така ефектот на лекот ќе биде посилен. Резултатот ќе биде навремен доколку терапијата ја спроведувате двапати годишно.

! Контраиндикации: бременост, доење, чир на желудникот и дванаесетпрсното црево, гастритис со зголемена киселина, епилепсија. Не би смеело да се користи ни во акутен стадиум (фази) на болест на бубрезите.

Извор: „Руски доктор“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.