Како млечката ги чисти белите дробови и црниот дроб: Народен лек што се прави сега!

Задолжително пробајте

Млечката е билка која совршено го прочистува целото тело: од црниот дроб, белите дробови, па до крвта и крвните садови

Кога станува збор за берење млечка за да се искористи во исхраната или како лек, се бере онаа пролетната, односно младата, која веќе се има појавено на ливадите.

Млечка за чистење на црниот дроб

Народната медицина тврди дека млечката може да излечи дури и цироза на црн дроб. Меѓутоа, се препорачува прво да се консултирате со лекат пред да го консумирате овој народен лек. Доколку сакате да ги прочистите белите дробови и црниот дроб, прво мора да престанете со консумирање алкохол и пушење цигари.

Лек за црн дроб: Сварете чај од свежи цветови на млечка што сте ги набрале на сончев ден.

Кога водата ќе зоврие (200 мл) додајте 5-6 цветови од млечка и сето тоа тргнете го од рингла. Покријте го со чиниче и оставете го да отстои околу 5 минути. Исцедете и испијте свеж чај, засладен со мед.

За да го прочистите црниот дроб, најдобро е младите листови од млечка да ги користите како салата со секој оброк.

Важно е да не претерате: секој народен лек се користи најмногу 10 дена без прекин, по што треба да паузирате со консумирање неколку недели.

Лек за бели дробови: Најефикасниот лек за бели дробови од млечка е домашниот мед од овој цвет.

Ќе ви треба: околу 200 цветови од млечка, свежо набрани; 2 лимона; 2 л вода; 2 кг шеќер.

Приготвување мед во неколку чекори:

За почеток, прошетајте по парковите или ливадите на кои сигурно ќе ги најдете овие жолти цветови. Слободно наберете ги заедно со стебленцата, а потребната количина за мед од млечка е околу 200. Кога ќе дојдете дома, одвојте ги цветовите и измијте ги со ладна вода. На тој начин, ќе ги отстраните сите инсекти и нечистотии што можат да влијаат врз квалитетот на конечниот производ.

Потоа, ставете ги во тенџере и прелејте ги со 2 литри вода (најдобро дестилирана). Садот ставете го на шпорет и варете на силен оган. Кога ќе забележите вриење, оставете го уште 20 минути на рингла, а можете да го држите и полу поклопено. Потоа, тргнете го тенџерето и исцедете ја течноста низ сито или цедилка во друг сад.

Во тој лонец потоа сипете 2 кг шеќер и ставете го на рингла на средна температура. Постојано мешајте ја смесата до моментот кога ќе забележите дека количината се преполовила и дека смесата е густа. Тогаш, додајте два лимона кои претходно сте ги измиле и исекле на резанки. Задолжително додајте ги заедно со корите, бидејќи тие се преполни со витамин Ц.

Продолжете да мешате додека смесата постигне густина на мед. Потоа, тргнете го садот од оган, а медот од млечка, додека се’ уште е врел, префрлете го во чисти стаклени тегли. Добро затворете ги и чувајте ги на темно и ладно место.

Секое утро, со кафе или чај, изедете по 2 лажички мед од млечка.

Пробајте ги и овие 4 билки што радикално го прочистуваат црниот дроб.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.