Истражување открива: Кои хороскопски знаци се најдобри во кревет?

Астрологијата може да ви каже многу за некоја личност, вкус, став и вештини во спалната соба.

Во истражување спроведено од веб-продавница за сексуални помагала учествувале 3500 испитаници кои одговориле на прашања во врска со сексуалните навики и способности на сите 12 хороскопски знаци, а резултатите биле објавени во форма на разни списоци.

Кои хороскопски знаци најмногу се трудат во текот на односот?

Одговорот е – Водолијата.

Веднаш зад неа се следниве знаци: Бик, Риби, Девица и Лав.

Кои хороскопски знаци се најзадоволни од својот сексуален живот?

Повторно Водолија!

Јарец, Вага, Овен и Бик.

Водолија

Тие се возбудливи и непредвидливи љубовници. Ако треба да додадеме уште една работа, би било фактот дека Водолиите се верни на своите партнери.

Риби

Нежни и емотивни љубовници кои живеат за да ја задоволат својата подобра половина. Секој трет Риби ужива во играњето улоги во кревет.

Овен

Овој хороскопски знак ужива во директен сексуален однос без дополнителни украси и предигра. Не очекувајте дека Овенот ќе се гушка со вас после односот или дека ќе ја продолжи предиграта.

Прочитајте и: Хороскопот ги открива фетишите на 12-те знаци на Зодијакот

Бик

Брзиот секс не е за нив. Биковите се страсни љубовници кои сакаат да го истражуваат телото на партнерот. Според истражувањето, тие купуваат секс играчки повеќе од кој било друг хороскопски знак.

Рак

Овој хороскопски знак претпочита да има сексуален однос со личност со која чувствува силна емотивна врска. Ракот е најчувствителниот љубовник во хороскопот.

Лав

Лавовите обожаваат да бидат во центарот на вниманието. Дајте им комплименти и тие ќе ви дадат ноќ што нема да ја заборавите.

Девица

Вредни љубовници кои бараат совршенство во спалната соба. За нив нема изненадувања кога станува збор за сексуалниот однос, тие се подготвени на сѐ за да добијат задоволство.

Пролетен хороскоп: Што ви донесува најубавото годишно време?

Вага

Љубители на креативност кои го гледаат сексот како искуство за споделување и поврзување со партнерот.

Шкорпија

Интензивна, емотивна, страствена и помалку мистериозна, Шкорпијата може да биде посесивна. Овој хороскопски знак има многу интензивен сексуален апетит.

Стрелец

Стрелците уживаат во брзиот секс, не ја сакаат рутината и многу брзо им се здосадува.

Јарец

Тие се сметаат себеси за темелни љубовници. Одлични се за планирање и експериментирање во кревет.

Хороскопскиот знак што го носеше ласкавиот наслов за најдобар во кревет е Водолија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.