Сите отрови исчезнуваат и никогаш не се враќаат: 4 билки што радикално го прочистуваат црниот дроб!

Лековити својства

Спречете ги заболувањата на црниот дроб со помош на лекови од природата

Црниот дроб е најголемиот и најважниот орган за прочистување на организмот што извршува повеќе од 500 витални функции.

Па така, доколку тој не функционира добро, може да доведе до многу сериозни здравствени проблеми и болести.

Ви предлагаме природни решенија кои ќе ви ја подобрат работата на црниот дроб…

Магарешки трн

Магарешкиот трн е растение што неправедно се осудува како плевел, но неговата лековитост е всушност многу моќна.

Коренот го поттикнува мокрењето, односно помага во прочистувањето на токсините од организмот, а има и антибактериски и антигабични својства. Освен тоа, го намалува нивото на шеќерот во крвта, па помага во лекувањето дијабетес.

Чај од корен од магарешки трн
  • прелејте 5 до 7 грама корен од магарешки трн со 350 мл вода, оставете ја да зоврие, проварете ја десет минути, па исцедете ја.
  • Во случај на ревматични болести и за прочистување на организмот, пијте го часот три пати дневно, половина час пред оброк.

Млечка

Млечката многумина ја сметаат за досаден плевел, но е една од најкорисните лековити билки. Ги штити бубрезите, цревата и крвта, а се смета за еден од најважните билни лекови за црниот дроб. Австриската треварка Марија Требен ги препорачува стебленцата на млечката за лекување хронични воспаленија на црниот дроб (506 стебленца на ден) и за дијабетес (10 парчиња на ден).

Чај од млечка
  • Прелејте две лажици корен и/или листови од млечка со 250 мл врела вода.
  • Оставете да отстои десет минути и исцедете.
  • Наутро и навечер испијте по една шолја, најдобро половина час пред јадење.
  • Се препорачува против бубрежни тегоби, задржување вода, целулит и дебелеење.

Артичока

Артичоката е исклучително корисна за регулирање на нивото на холестерол, за здравјето на црниот дроб, па и за слабеење. Богата е со силимарин и инулин, кои се природни чувари на црниот дроб, жолчката, панкреасот и слезината. Помага и кај бубрежните, белодробните и кожни болести, потоа за дијабетес, гихт и реума, труење со алкохол, никотин и лекови.

Артичока во кујната

Цветовите на оваа билка најчесто се полнат со мешавина од лебни трошки, лук и магдонос, но постојат разни варијации. Најчесто се јадат листовите и срцето, бидејќи остатокот е исклучително горчлив, но уште поефикасен за лекување.

Од листовите и коренот може да се направи чај, тинктура и лековите вино. Артичоката не може да се јаде сирова, бидејќи тешко се вари, но варена или потпечена е идеална.

Куркума

Најважната состојка на куркумата е куркуминот, кој е заслужен за нејзините силни антивоспалителни својства. Затоа се препорачува и за воспалителните процеси на црниот дроб.

Истражувањата покажуваат дека употребата на оваа билка значително ги олеснува тегобите од воспалителните болести на цревата, како што е Кронова болест, благотворно дејствува на намалувањето на болките и воспаленијата кај заболените од ревматоиден артритис, а дејството на куркуминот може да се поврзе и со превенција на канцер и намалување на растот на веќе настанатиот тумор.

Куркумата во исхраната

Половина до една лажичка куркума дневно има бројни здравствени придобивки. Количината од половина лажичка е доволна за приготвување комплетни оброци, додека во чај или смуди може да додадете прстофат од овој зачин.

Сепак, трудниците и доилките, како и луѓето што страдаат од згрутчување на крвта, жолчни камчиња или дијабетес, треба да се посоветуваат со својот лекар пред да консумираат куркума.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.