Истражување докажало: Мажите се „плашат” од силните жени, но и им се восхитуваат

Дали се согласувате?

Жената бега кога чувствува дека мажот е слаб, а тој кога ќе препознае дека таа е силна – покажала една студија на австралиските научници.

Експертите во Мелбурн дошле до заклучок дека не е лесно да се задоволи ниту еден пол, затоа што дамите генерално сакаат да бидат доминантни, иако секогаш им се обраќаат на момците како на алфа. Мажите, од друга страна, се плашат од силни девојки, но тие тајно им се восхитуваат.

„Истражувањето на 2.000 припадници на двата пола покажа дека во секоја врска има некој подоминантен, дури и кога се чини дека владее еднаквоста“, вели Том Меклон, еден од водачите на студијата.

Прочитајте и: Кога ќе ве изневери саканата личност: Еве како да го свртите тоа во ваша корист!

Ова значи, објасни тој, дека жената влече од едната страна, мажот на другата страна, а на крајот победува оној кој бил помалку флексибилен, односно тврдоглав и упорен.

Сепак, ниту не е јасно што сакаат од партнерот – дали да има силен карактер или онаков што можат да го обликуваат. Се чини дека се бара нова, пожелна шема на машко-женски односи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.