Кога ќе ве изневери саканата личност: Еве како да го свртите тоа во ваша корист!

Возможно е!

Имате два избора: да се навраќате на минатото или да тргнете кон иднината!

Кога ќе ве предаде некој, нормално е да се чувствувате ужасно. А ако ве предаде саканата личност, ќе се чувствувате многу полошо.

Кога човекот ќе се збогува со своето минато, се отвора нов пат што води напред. Токму болката и страдањето што човекот ги доживува во тој момент, подоцна му помагаат да зајакне.

Најголемата енергија што ни помага да успееме и да победиме е токму душевната болка.

Кога ќе дојде до предавство, неверство, другата страна, онаа изневерената, почнува да гради еден вид ѕид кој тешко се преминува. Во такви моменти, душевната болка помага да се надминат сите ограничувања, го разбиструва умот и и’ помага на личноста конечно да тргне кон подобар живот.

Болката го поттикнува човекот да смени нешто во животот.

За да може човек да тргне напред, животот секогаш му наметнува некаква загуба. И во такви околности, се’ се сведува на изборот: или да се живее во минатото и да се тагува или да се тргне напред.

Човекот е себично суштество, затоа сака да биде главен и да контролира се’ во животот. Во моментот кога ќе му се случи да биде изневерен, тој ги проколнува господ и судбината. Тешко ви е, бидејќи се’ сте испланирале, а сите ваши планови пропаднале во вода.

Така доаѓа до болка и страв дека ќе изгубиме се’ што имаме, дека животот ќе се промени, а човекот се плаши промени повеќе одошто се плаши од болка.

Токму затоа мора да запомните дека предавството во вашиот живот всушност е шанса да почнете сосема нов живот!

Кога вашиот сопруг ќе се вљуби во друга жена: Психолозите велат дека имате само еден избор!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.