Кога вашиот сопруг ќе се вљуби во друга жена: Психолозите велат дека имате само еден избор!

Агонија од безнадежна љубов

Фото: Pixabay

Дали и вие би постапиле вака?

Дали некогаш сте ја доживеале таа агонија вашиот сопруг несвесно да се вљуби во друга жена? Изгледа наивно, но постојано ви зборува за неа. Разговорите секогаш се вртат околу настаните поврзани со таа жена. Додека животот ви се претвора во кошмар и ви се смачува од тие приказни, тој и понатаму несвесно зјапа во далечина, не забележувајќи дека е вљубен во друга жена.

Безнадежна љубов кон друга

Се поставува прашањето зошто некому му треба безнадежно да сака некого? Вие паѓате во замка и чувствувате сожалување кон човекот кого го сакате бидејќи е вљубен во некој кој прави будала од него.

Жал ви е што некој толку го понижува и игнорира. Се обидувате да му ставите до знаење дека прави будала од себе со ваквото однесување, за на крајот да завршите во експлозивна караница со сопругот кој станува агресивен кога ќе го соочите со вистината.

Вие на некој начин сте започнале табу тема. Да сте молчеле за тоа, ништо не би се случило.

Но дали вреди и понатаму да ја играте оваа улога во театарот на апсурдот? Тој ја негира неговата вљубеност. Другата жена го врти околу малиот прст. Вие чувствувате длабоко предавство од вашиот партнер, кој ве убедува дека ништо не се случува и дека се’ измислувате.

Психолозите советуваат да излезете од оваа ситуација без оглед на се’, бидејќи човек не се менува толку лесно. Љубовта на вашиот маж кон друга жена не може да исчезне прекуноќ.

Зошто да живеете во тој нездрав однос? Зошто да страдате и да гледате како не ве сака некој кој вие го обожавате?

Па така, ако видите дека вашиот сопруг се вљубил во друга жена, прекинете со него, бидејќи ако го оставите, ќе страдате тогаш во моментот, а ако останете со него, ќе страдате цел живот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.